Кога сите пријатели ќе те разочараат!

 

 Кога  сите  твои  пријатели   ќе  те  разочараат , кога  на  никого  не може  да  му  се верува – има  Еден кој   никогаш  нема  да  го  изневери  вашето  пријателство.

Живееме во свет во кој се помалку царува љубовта и верноста. Да најдеш верен пријател во денешно време  е реткост како да си пронашол бисер. Во сите периоди од нашиот живот се стекнуваме со разни познанства и пријателства, но ретки се оние кои траат засекогаш.

Се случува кога се трудиме да им помогнеме на сите околу нас, дадаваме се од себе за другите околу нас, но на крај се што добиваме  е големо разочарување.

Се разочаруваме бидејќи очекуваме да добиеме за возврат и ние трошка љубов и почитување но се повеќе се уверуваме дека  тоа се само празни надежи.

Има период во животот кога во еден момент сите пријатели и сакани личност кои ти значат најмногу и за кои се си направил ќе те остават и напуштат.

Забораваат на твоите чувства, на твоите напори и време потрошено на нив, забораваат дека и ти имаш потреба од нивното време и грижа.

Едноставно ќе те разочараат и ќе ти го скршат срцето.

Скршено и осамено со голема болка и желба за охрабрување.

Во тој момент, запомни дека не си сам.

Има Еден пријател Кој никогаш нема да те напушти.

Кој никогаш нема да ти го сврти грбот.

Кој те сака и понатаму.

Со сите недостатоци и проблеми.

Кој се грижи за тебе кога сите ќе те остават, напуштат и разочараат.

Тој ги гледа твоите солзи и ја чувствува твојата болка.

Тој е Твојот најверен пријател.

Побарај Го Него и ќе ти помогне.

Ќе те охрабри.

Ќе ги исцели твоите рани.

Не го заборавај бидејќи Тој никогаш не те збаорава тебе.

Те сака и ќе те сака засекогаш.

 

 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *