6 работи кои на секој син му се потребни од неговата мајка!

  • Синовите се склони кон силна врска со совите мајки. Природно е синовите да сакаат да бидат блиски со неа и да ја штитат. За синовите, нивната мајка е најубавата и најсовршената жена на светот. Нејзините недостатоци се речиси невидливи за синовите.
  •  Синовите имаат потреба да се чувствуваат сакани, заштитени и прифатени безусловно. Ова е многу важно за нивниот духовен и физички развој.Па што им е потребно на синовите од мајките?
  • 1. Љубов

    Кажувајте му на вашиот син колку го сакате и нека му биде јасно. Покажувајте му гестови на прифаќање. Тоа ќе ја рефлектира неговата љубов кон вас и кон другите.

  • 2. Учење

    Вашиот син сака и треба да биде учен. Учете го да прави добро, да разликува добро од лошо и како да биде независен.

  • 3. Простор за развој

    Поучете го, поставете му добри примери и потоа верувајте во него за да може да продолжи сам.

  • 4. Поправајте го со љубов

    Понекогаш тој ќе направи грешки и ќе учи од нив. Поправајте го вашиот син нежно и љубезно и тоа ќе му помогне да постапува правилно. Поправањето со понижување, од друга страна, има спротивен ефект.

  • 5. Граници

    Поставувањето граници е многу важно. Ако вашето дете види дека не можете да го контролирате неговото несоодветно однесување, ќе се чувствува дека е посилно од вас и ќе проба да ве манипулира. Но од друга страна, ако му поставите несоодветни граници ќе нема доверба понатаму во животот и затоа е добро да имете рамнотежа.

  • 6. Физички контакт

    Гушкајте и бакнувајте го вашиот син. Гледајте во неговите очи, смејте се со него и играјте си со него. Секогаш нека бидат достапни вашите раце за него кога е среќен и вашето рамо кога му се плаче.

    Децата се најголемиот подарок од Бог, сакајте ги безусловно.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *