Кога ќе помислиш дека не можеш повеќе,сети се дека Господ секогаш ти дава онолку колку што можеш во моментот да искрепиш.

Низ што и да поминуваш не заборавај дека Бог ја знае твојата болка и нема да те остави и напушти. Тој е со тебе и ќе ти даде сила да издржиш, вера да го поминеш полесно и љубов да простиш и заборавиш. Да одиш напред понатаму. Секое искушение те прави само посилен и похрабар.

Твојата болка е твоја сила. Те прави и ранлив и силен истовремено. Да издржиш и да се молиш. Да страдаш но и да се бориш. Да плачеш и да не се откажуваш. Те прави човек и повеќе од тоа. Те прави борец!

Не заборавај дека не си сам и дека Бог ти помага. Предај ги на Него сите тегоби и Тој ќе ти даде утеха!

 

 

2 коментари

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *