Не дозволувајте тоа што е околу вас да влијае на вас!!!

Не дозволувајте тоа што ве опкружува да ве контролира.

Често има ситуации и проблеми кои може да ви влијаат на вашата среќа, расположение, карактер , живот…Не заборавајте дека Бог е поголем од сите ваши проблеми.

Тоа не значи дека ќе немате проблеми и да поминувате низ тешкотии во животот. Но вие имате едно моќно оружје кое никој не може да ви го земе – тоа е вашиот СТАВ.  Постојат многу работи кои луѓето може да ви ги земат , но вашиот став ви припаѓа вас. Ако вие не сакате да имате лош став, никој не може да ве натера да имате лош став.

Најдобар пример во Библијата е Јосиф кој имал добар став во животот иако бил долги години во затвор за нешто што не го направил.

Најлошо нешто кога поминувате низ некој тежок период е да се сожалувате и да се чувствувате мизерно.

Донесете одлука дека веќе нема да имате негативни и лоши мисли и да го трошите залудно времето во самосожалување.

Донесете одлука дека ќе имате позитивен став без оглед на околностите и дека нема да дозволите тоа што е околу вас да влијаа на вас!!!

 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *