Моќна порака која многу ќе ве охрабри!

Многу често забораваме дека сме само гости на оваа Земја и нашиот живот поминува кратко во залудни мечти и погрешни желби. Сосем на крајот ја сфаќаме вистинската смисла на нашиот живот но тогаш е предоцна да промениме нешто. Еден млад човек кој бил дијагнозиран со рак ни го дава следниот совет:

„Имам само 24 години, а веќе си ја избрав последната вратоврска. Таа којашто ќе ја носам на мојот погреб по неколку месеци. Можеби не се согласува со мојот костум, но мислам дека е совршена за таа прилика.

Дијагнозата за рак дојде предоцна за да ми даде барем најмала надеж за долг живот, но сфатив дека најважното нешто во врска со смртта е човек со своите придобивки да го напушти овој свет малку подобар отколку што бил додека живеел. Начинот на кој го живеев својот живот, или поточно кажано – неговата загуба – нема да значи многу бидејќи живеев без да направам нешто што би влијаело за нешто.

Порано толку многу нешта ми се вртеа по умот. Но, кога дознав уште колку ми останува, ми се разјасни кои нешта се навистина важни. И еве, ви пишувам од себична причина. Сакам на мојот живот да му дадам некакво значење споделувајќи што сум сфатил.

– Не трошете си го времето на работа во која не уживате. Очигледно е дека не можете да успеете во нешто што не ви се допаѓа. Трпението, страста и посветеноста доаѓаат лесно кога го сакате тоа што го работите.

– Глупаво е да се плашите од мислењето на другите. Стравот ве прави слаби и ве парализира. Ако го дозволите тоа, секој ден ќе станува полошо, сѐ додека од вас не остане ништо освен вашата надворешна школка. Слушајте си го внатрешниот глас и дејствувајте според него. Некои луѓе можеби ќе ве прават луд, но некои можеби ќе мислат дека сте легенда.

– Преземете контрола врз вашиот живот. Преземете целосна одговорност за нештата кои ви се случуваат. Најдете спорт кој ве прави среќни. И најважно од сѐ, не одолговлекувајте. Вашиот живот нека биде обликуван од одлуките кои сте ги донеле, а не од одлуките кои не сте ги донеле.

– Ценете ги луѓето околу вас. Вашите пријатели и роднини секогаш ќе бидат бескраен извор на сила и љубов. Токму затоа не треба да ги сфаќате здраво за готово.

Тешко ми е целосно да ги изразам своите чувства за важноста на овие толку едноставни увидувања, но се надевам дека ќе послушате некој кој лично доживеал колку е скапоцено времето. Не сум вознемирен, бидејќи знам дека последните денови од мојот живот добија некое значење. Единствено жалам што нема да можам да видам многу интересни нешта кои би требало да се случат наскоро, како создавањето на вештачка интелигенција, или следниот јак проект на Илон Маск. Исто така, се надевам дека војната во Сирија и Украина ќе заврши наскоро.

Толку многу се грижиме за здравјето на нашето тело што сѐ до смртта не сфаќаме дека телото е ништо повеќе од една кутија – пакет за испорачување на нашата личност, нашите мисли, верувања и намери на овој свет. Ако во таа кутија нема ништо што би можело да го промени овој свет, тогаш воопшто не е важно ако исчезне. Јас верувам дека сите ние имаме потенцијал, но потребна е и храброст за тој да се искористи.

Можете да лебдите низ животот создаден од случајни околности, пропуштајќи ден по ден, час по час. Или, можете да се борите за тоа во што верувате и да ја напишете големата приказна на вашиот живот. Се надевам дека ќе го направите вистинскиот избор.

Оставете ваш белег врз овој свет. Нека вашиот живот се брои, секој ден, секој момент!

 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *