Над овие деца демне смртта, а никој не презема ништо тоа да се спречи!

Шокантни фотографии кои кружат на интернет покажуваат дека Јемен е место над кое се надвила смртта и во кое најмногу страдаат невините, поточно децата.

Сред жестоката граѓанска војна и кој го турна најсиромашниот народ во арапскиот свет кон работ на гладта, состојбата со денови е се полоша.

Foto: BBC
Фото: BBC

370.000 деца во Јемен живеат во таканаречен  “гладен дистрикт” кој се протега помеѓу градовите Hodeidah i Mokа.

Јеменскиот конфликт ја доведе земјата на работ на целосна катастрофа.

Децата секој ден умираат од глад, нивниот имунолошки систем не  еспособен да с еодбрани дури и од обичен пролив или температура.

А освен храна, немаат ниту лекови со кои би се лечеле.

Foto: BBC
Фото: BBC

За жал, главните стожери на конфликтот – Саудиска Арабија и Иран – не делуваат подготвено да ја прекинат војната која досега однесе најмалку  10.000 животи,а во бегство се повеќе од 2,5 милиони луѓе.

Foto: BBC
Фото: BBC

Екипата на  “BBC” беше во посета на најзагрозените делови и на лице место забележале шокантни призори на изумирање на скоро една цела генерација на деца во Јемен.

UNICEF проценува дека 370.000 деца на кои им е уништен имунолошкиот систем поради потхранетост и до кои помошта воопшто не стигнува.

извор.новиживот.нет

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *