Приближете се кон Бог, и Тој ќе се приближи кон вас!!!

Изреката: “Ако Бог е со нас, кој е против нас?“ сите ја сакаме и не храбри во тешки моменти, но понекогаш треба да си го поставиме обратното прашање: Дали ние сме со Бог? Ако ние не сме со Бог, дали Тој ќе остане со нас?

Секогаш сакаме Бог да биде со нас, да ни помага, да не чува, да не штити, да ни дава храна, облека, здравје, но дали некогаш се прашуваме, што му даваме ние на Господ? Ние ништо не можеме да Му дадеме, бидејќи се е Негово, но можеме да Му вратиме од тоа што Тој ни го дава. од неговото време, неговата љубов да ја делиме кон другите, од материјалните потреби да им помогнеме на сиромашните.

Бог има свој народ меѓу останатите народи, народ кој ги почитува Неговите заповеди, кој ја извршува Неговата волја, кој е чесен и свет. Бог очекува Тој народ да биде посебен. Бог очекува тој народ да Го прослави Него. Да поминува време со Него. Ако ние како Негов народ не ја почитуваме Неговата волја, можеме ли да очекуваме Тој да остане со нас и да гледа како Му грешиме…

Тој вели: “Приближете се кон Бога, и Тој ќе се приближи кон вас“ (Јаков 4,8). Тој сака да бидеме блиску до Него. Да Го бараме, да имаме потреба од Него, да Го почитуваме и да слушаме…и тогаш Тој ќе биде блиску до нас, да не слуша, да не води, да не штити.

 

 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *