На сијамски близначки им прогнозирале смрт по раздвојувањето, но Божјиот план бил поинаков!

Докторите кои ја извеле операцијата на раздвојување на овие сијамски близначки и денес се уште не можат да веруваат како двете успеаја да се изборат за својот живот.

Докторите се зачудени од резултатот што го покажаа овие две мали чуда – сијамски близнаци кои се родени со споен стомак и за кои докторите уште на пораѓањето им рекле на родителите дека нивните шанси з апреживување се минимални.

Foto: Vines9.com
Foto: Vines9.com

Спомнувале страшни бројки, 75-95 проценти од бебињата умираат порано, за време или по раздвојувањето, но тие тоа најверојатно не сакаа да го прифатат. И двете, Shylah и Selah Oglesby од Cincinnatija, денес се здрави и весели девојчиња кои неодамна го прославија својот втор роденден. Да го знаеше ова нивната мајка порано, помалку ќе страхуваше, но лесно е да се биде генерал по битката, посебно ваква голема борба.

Девојчињата се родени со споен стомак, иако секоја имаше свое срце, делел ист црн дроб, што на стручњаците им претставуваше голем проблем. Но родителите беа одлучни да се изврши операцијата дури иако докторскиот тим им призна не знаат дали ќе биде упешна оваа многу ризична операција.

Три месеци размислувале и конечно дошле до заклучок како да ја изведат оваа операција. Операцијата на раздвојување траела шест часови и била успешна. Откако ги отвориле сфатиле дека сестричката  Selah има вродена маана на срцето но и неа по операцијата успеале да ја спасат.

Девојчињата наполнија две години, здрави се и среќни, а докторите кои ја изведоа операцијата до денес не можат да веруваат како тие успеаја да се изборат за живот.

“Тоа ви е чист доказ дека медицината може да направи чудо, но кога станува збор за човечкото здравје, тука никој не може да знае колку секој од нас е силен да ја прескокне најтешката препрека”, изјави мајката.

Izvor: Index.hr

 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *