Да Имаш Мир Во Душа Кога Сè Се руши…

Како ќе поминам низ ова?

Ова е едно клучно прашање кое си го поставуваме кога имаме неволји.Многу пати не се сомневаме дека Бог може да ни одговори на нашите молитви бидејќи знаеме дека Тој е способен за тоа.

Но да веруваме дека Тој ќе ни помогне често зависи од нашите минати искуства со Бог, од нашето трпение и нивото на нашата вера.

За време на тешки времиња лесно може  да се посомневаме дека Тој ќе ни помогне, лесно може да изгубиме вера за време на неволја, посебно ако трае подолго време. И тогаш и покрај сета болка и разочарување и кога мислиме дека  енеиздржливо треба да с енасочиме кон Бог, Неговите ветувања и Неговата добрина. 

Во Библијата пишува:

“Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; не вознемирувај се, зашто Јас сум Бог твој; Јас ќе те закрепам и ќе ти помогнам, ќе те поддржам со Мојата победоносна десница.” (Исаија 41:10)

Можеби чекате долго време одговор на вашата неволја, но не очајувајте…Бог е добар и има убав план за вас, само треба да издржите и да имате силна вера. 

Земете за пример Израелците и Мојсеј кога го поделил Црвеното море, пред нив било Црвеното море, а зад нив непријателот, ако мислеле на тој начин, тие немале излез, ни напред ни назад, но го имале Божјото присуство и тие нашле излез дури и кога немало.

Кога ќе се најдеме во таква ситуација како Израелците, како одговараме кога ќе се најдеме на крстопат? Одговорот ни го дава Мојсеј во Излез 14:13-14…

“А Мојсеј му рече на народот: „Не плашете се, застанете и ќе видите како Господ ќе ве спаси денес: Египќаните, како што ги гледате денес, нема повеќе никогаш да ги видите довека.
Господ ќе се бори за вас, а вие бидете спокојни.”

Не плашете се – имајте вера. Не можете да ја вежбате и верата и стравот во исто време.

Верувајте дека Господ ќе се бори за вас. Останете смирени!

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *