10 мисли кои ќе ви ја зголемат самодовербата!

  • Кога некој ве третира како да сте една од многуте опции, помогнете им да си го намалат изборот со тоа што ќе се отстраните од равенката.
  • Понекогаш обидете се да не се грижите толку, без оглед колку и да ви е важно. Бидејќи понекогаш може ништо да не му значите на некој кој толку многу ви значи. Тоа не е гордост – тоа е самопочит.
  • Не очекувајте да видите позитивни промени во вашиот живот ако сте опкружени со негативни луѓе.
  • Не трошете многу време на некој што нема време за вас. Знајте ја вашата вредност и што можете да понудите и никоогаш не се задоволувајте со помалку отколку што заслужувате.
  • Никогаш не ги намалувајте вашите стандарди за да им угодите на другите, ако им значите тие ќе ги зголемат нивните стандарди за да ги достигнат вашите.
  • Барајте почит, не внимание, трае подолго…
  • Животот е непредвидлив…За секоја негативна работа има и позитивна,со секој крај има и нов почеток. Не ги сфаќајте работите премногу сериозно, бидете оптимисти бидејќи зад секој облак има зрак на Надеж!
  • Бидете свои, сите останати се зафатени! Не се потценувајте со тоа што ќе с еспоредувате со другите, сите сме создадени уникатни!
  • Кога си велите “Јас не можам“ и го очекувате најлошото, станувате слаби и несреќни…Кога си велите “Јас можам“ и очекувате успех, се исполнувате со самодоверба и среќа!
  • Можеби не сте богати, но вредите. .. Можеби не се гордеете со некои нешта што сте ги направиле во минатото, но гордејте се со тоа што сте денес. Можеби не сте совршени, а и немате потреба да бидете… Нека ве прифатат и ценат такви какви што сте или нека гледаат како заминувате… Ценете се себеси и имајте достоинство. Можеби мислите дека за некого сте безвредни, но запомнете дека секогаш постои некој за кого сте бесценети…

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *