ЗОШТО БРЗАМЕ?

Се разбудив и брзо станав од креветот. Брзав да тргнам за работа, да си одам дома, да завршам куп работи … Немав време, се брзав за некаде … За каде, за што и зошто се не ми стигнува времето? Тогаш се замислив, зошто толку брзаме да изживееме животот, зошто сакаме да завршиме се денес да имаме се денес, да успееме денес …

А дали мислиме  дека всушност брзаме кон крајот, а  никој не сака животот да заврши … сфаќаме дека ако живееме така брзо ќе го доживееме најубавото од животот и после?

Во што се претворивме – спиеме брзо, се храниме  брзо, сакаме брзо, работиме брзо и конечно не сме задоволни, секогаш уморни и лути на нешто …

Јас сакам да живеам бавно, сакам да имам време да доживеме сè. Досега живеев брзо, брзо бев дете, брзо сакав да учам, брзо сакав да добијам ништо. Сега сакам да сакам полека, да се радувам полека да успевам полека, да стареам побавно.

Што се случува кога сакаме брзо – доаѓаат само брзи љубови во нашите животи,земаат набрзинаи  брзо си заминуваат, а ние брзаме да ја најдеме следната и така сè се повторува …

А ако сакавме бавно,  да можеме да уживаме во секој миг, ќе имавме време во кое да дадеме и да добиеме повеќе,  да имавме време да ги прифатиме, да ги разбереме, да зборуваме за чувствата, да наполниме души, а не само да ги ограбиме.

Сега сакам да добијам сè, но кога треба. Не сакам ништо веднаш ќе си оставам по малку за утре … Зошто да имам ништо денес, за да не ми остане ништо за утре ли?

Денес ќе направам се што можам, а утре, ако ми е убаво, ќе го повторам и така додека чувствувам дека можам.

Сакам да имам многу денови … Многу изгрејсонца и многу зајдисонца, а меѓу нив многу прекрасни моменти на љубов, убавина, среќа, радост, дури солзите сакам да ги исплачам полека!

Луѓето велат: “Живеј додека си млад!” А потоа? Ќе престанам да живеам, да сонувам, да сакам ли?

Дури и да не запрам, зошто да земам големи дози, како можам полека да го добијам истото и да му се насладувам подолго. Го пропуштаме детството, за да брзаме да станеме 18, потоа ја искусуваме младоста толку брзо штона 30 веќе се сме направиле ништо и нема за што да сонуваме. Можеби после 30 треба да почнеме да живееме вистински, полека! И ако нешто се уште ни недостасува, да размислиме дали не сме го поминале набрзина.

Зошто да копнееме за нешто што може да ни се случи уште утре, треба само да го почекаме! Зошто кога ќе изгубиме некој или нешто, сакаме брзо да јаизживееме болката? Како ќе се збогуваме, како ќе се ослободиме, ако не си дозволиме да страдаме, како ќе продолжиме напред, ако ја затвориме болката внатре во нас, наместо да ја пуштиме? Како да љубиме, ако не и дозволиме на љубовта да се развие?

Дури и да се радуваме не можеме, ја потиснуваме радоста и среќата од страв да не ги изгубиме и токму тогаш можеби ги губиме. Наместо да ги изживееме, ги криеме некаде внатре во нас, претворајќи ги од реалност во копнеж …

Наместо полека и мирно да се движиме напред, ние отскокнуваме брзо и брзо паѓаме назад. Така сме секогаш незадоволни. Денес сме на врвот, а утре – на дното,  незадоволни и се брзаме.

Оставете си нешто за утре, но не одложувајте денес, едноставно продолжувете ги прекрасните моменти, зачувајте ги што е можно подолго, уживајте во нив …

Јас од денес ќе живеам побавно ќе сакам побавно ќе сакам побавно ќе се хранам побавно ќе спијам побавно и ќе се радувам повеќе на сè што имам! А вие?

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *