Зошто среќните парови не ја делат својата љубов на Фејсбук?

Сите на друштвените мрежи имаат парови кои во секој момент мораат на сите да им покажат колку се сакаат, колку се заљубени и како супер се забавуваат…Но што тоа всушност ни зборува?

Живееме во многу чудно време. Во време, кога на некои статусот на друштвените мрежи им е поважен од она што се случува во реалниот свет. Во времето кога “лајковите“ се мерило за вредностите, во време кога им судиме на другите, кога ги оценуваме туѓите животи врз основа на фотографии или или статуси кои ги објавуваме. И често грешиме кога создаваме слики за поединците врз основа на такви работи. Па така е и со љубовните парови.

Сите на друштвените мрежи ги имаат тие “преслатки парови“ кои во секој момент мораат на сите да им покажат колку се сакаат, колку се заљубени.. Стручњаците велат дека среќните парови дека сепак, не го објавуваат секој детал од својата врска на друштвените мрежи. А ова се причините…

Немаат што да докажуваат

Стручњаците велат дека потребата за делење детали од приватниот живот е поврзана со самодовербата, односно со недостаток од истата. Со објавување на среќни слики и статуси, како и со добивање на позитивни коментари, паровите си ја зголемуваат самодовербата, и си ја одржуваат привидно совршената врска.

Ако личноста е среќна и задоволна во врската, не губи време во докажување на истото пред целиот свет. Тоа не значи дека никогаш нема да објави слика , но дека нема секој ден да објавува слики.

Знаат дека проблемот можат само тие да го решат.

Ги знаете оние ‘многу среќни парови’ кои штом ќе се скараат, тоа мора да го поделат со сите Facebook пријатели. Понекогаш само ќе стават тажен смајли, понекогаш тажна песна кои ги опишуваат нивните емоции, па по тоа ќе се јават душегрижниците да прашаат што било, па потоа таа личност ја отвара својата душа и тоа не во приватна порака. Ова е само показател на незрелост. Среќните парови ги решаваат своите работи во четири ѕида, а оние што се обидуваат тоа да го решат на друштвените мрежи проблемот само го влошуваат.

Среќата не е лајкови

Среќните парови знаат дека нема да добијат ништо објавувајќи “доказ“ дека се среќни. Среќата е во тоа дека се заедно, а не во тоа што објавиле дека се заедно.

Немаат потреба за споредување

Стручњаците велат дека се посреќни оние кои не ги користат често друштвените мрежи, бидејќи не се споредуваат со колегите, пријателите, познаниците..

Во целото тоа ‘модерно лудило’ знаеме да заборавиме дека всушност се важни нашите реални животи, нашите врски, искуства и чувства, а не постојаната потрага за интернет популарност.

izvor> prijateljvaseguspeha

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *