Лубеница-Кралица На Летото!

Како лубеницата може да го подобри вашето здравје?

Лубеницата е овошје (иако некако е поврзана и со зеленчуците) кое кај нас е застапено во летниот период, и е првиот избор на многумина кога станаува збор за разладување во текот на топлите летни денови. Но освен што лубеницата ќе ве разлади и освежи таа може да придонесе и за ваше подобро здравје, а на кој начин- прочитајте во продолжение.

Здравствени придобивки од консумирање лубеница

  1. Ви помага да останете хидрирани. Пиењето вода е многу важно и има за цел да го одржи вашето тело доволно хидрирано, но и консумирање намирници кои содржат многу вода исто така може да ви помогне да се хидрирате, а со оглед на тоа што лубеницата содржи 92% вода тогаш таа е многу добра намирница со која може да внесете дополнителна вода.
  2. Содржи корисни состојки и фитонутриенти како што се Витамин Ц, Витамин А, Витамин Б1, Б5 и Б6, има и мали количини на магнезиум, а е богата и со каротеноиди и ликопен. Сите овие нутриенти ви помагаат да го одржите и да го подобрите вашето здравје, поради нивните антиоксидантни, антивоспалителни и други корисни својства.
  3. Исто така лубеницата содржи состојки кои можат да го намалат ризикот од појава на рак. Иако резултатите од студиите се малку измешани сепак за одредени супстанци (како што се ликопенот и кукурбитацин Е) се смета и донекаде е и докажан нивниот инхибиторен ефект врз растот на туморните клетки.
  4. Кардиоваскуларните болести сеуште се водечка причина за смрт во светот, а во лубеницата се содржат супстанци- компоненти кои се корисни за здравјето на срцето. Одредени студии сугерираат дека ликопенот може да го намали нивото на холестерол во крвта- и воедно да спречи и негово оксидативно оштетување, а исто така може да помогне и во намалување на крвниот притисок. Лубеницата содржи и цитрулин – амино киселина која може да допринесе за вазодилатација на крвните садови и така да го намали високиот крвен притисок.
  5. Може да го смири воспалението и да го намали/неутрализира оштетувањето од оксидативниот стрес. Ова се должи на високата концентрација на антиинфламаторни антиоксиданти во лубеницата.
  6. Може да помогне во превенција на макуларна дегенерација. Ова се должи воглавно на високата содржина на ликопен во лубеницата. Оваа состојка е добро позната по нејзиниот заштитен ефект за очите.
  7. Поради тоа што содржи одредени витамини и минерали, лубеницата е корисна и за вашата кожа и коса, а исто така содржи и растителни влакна кои се важни за добра дигестија.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *