20 мудри изреки од мудриот цар Соломон запишани во Библијата!

1.Мрзливата рака донесува сиромаштија, а раката на работливиот збогатува.

2.Омразата предизвикува раздори, а љубовта ги покрива сите гревови.

3.Она што е златна алка на носот кај свињата, тоа е жена убава, но без разум.

4.Добротворната душа ќе биде наситена, и кој напојува други, и тој самиот ќе биде напоен.

5.Кој се состанува со мудри, мудар ќе биде; а кој другарува со безумни, глупав ќе биде.

6.Кроткото срце е живот за телото, а зависта е гнилеж за коските.

7.Кроткиот одговор гневот го ублажува, а навредлив збор јарост предизвикува.

8.Подобро јадење од зеленчук, и со него љубов, отколку угоени телиња, и со нив омраза.

9.Мудриот син го радува татко си, а безумниот нема почит кон мајка си.

10.Помислите на лошите се одвратни пред Господ, а зборовите на непорочните Му се угодни.

11. Светол поглед срце радува, добра вест коски храни.

12. Господ е далеку од безбожните, но ја слуша молитвата на праведните.

13.Подобро мала печалба со правда, отколку голема добивка со неправда.

14.Кој враќа зло за добро, злото нема да ја напушти куќата негова.

15.Подмолно срце нема да најде добро, и лукав јазик ќе западне во беда.

16.Кој сака да има пријатели, и сам треба да биде дружељубив; зашто има пријатели поприврзани од брат.

17.Подобро е да живееш во агол под покривот, отколку во голема куќа со жена кавгаџика

18.Поучи го момчето во почетокот на патот негов: тој нема да скршне од него и кога ќе остари.

19.Умесно кажаниот збор е како златно јаболко во сребрена кошничка.

20.Кој копа јама, ќе падне во неа, и кој тркала камен угоре, врз него ќе се врати.

2 коментари

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *