Најтажниот ден на еден доктор!

“Денес е најтажниот ден во мојот живот.
Како доктор породив многу трудници и секој пат кога влегувам во породилната сала го молам Бог да ги награди сите мајки.
Болката која жените ја поднесуваат при раѓање е неподнослива и таа не вклучува девет месеци бременост. Поминуваат низ многу нешта само за на свет да донесат нов живот.

Денес плачев бидејќи изгубив една жена, не се молиме за вакви работи, но понекогаш Бог има поинакви планови. Зошто случајот на оваа жена беше толку болен? Таа не можела да има деца 14 години! Пробавме IVF и многу други методи познати на човекот, жената помина низ многу нешта.
На крај остана трудна и покрај сите научни  и човечки знаења.  Беше бремена и покрај тоа што имаше цисти на јајниците и матка полна со миоми.
Нејзините миоми почнаа да исчезнуваат и се беше во ред, знаев дека Бог ќе го направи она што нас ни изгледа неверојатно.
По девет месеци, дојде време за породување, нејзиниот маж ја доведе во болницата и одма оставив се што работев за да ја посетам. Со часови се пораѓаше, по седум часа беше толку болно што одлучив да ја отворам.
Ја изгубивме неа, но бебето беше живо. Пред да умре, го држеше бебето во рацете, се насмевна и рече: “Бог е најголем“ и потоа почина.
Бев потресен и тажен, отидов до нејзиниот сопруг да му кажам што се случи, и откако слушна, се онесвести, неговиот среќен ден се претвори во тажен. Денес изгубивме еден живот раѓајќи нов.
Ве молам почитувајте ги жените, бидејќи тие поминуваат низ долината на смртта само за да донесат нов живот. Почитувајте ги своите жени! Да носиш бебе девет месеци не е шала, а да се пораѓаш со часови за да родат ваше бебе е голема жртва.
Го молам Бог да ги заштити сите кои го читаат ова, а посебно трудниците нека бидат во вашите молитви.
Ве молам, ако имате проблеми со својата мајка и одбивате да и се јавите, ве молам сега да и се јавите! Таа помина низ многу нешта за да ве роди вас!“

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *