Секој татко е херој за својата ќерка.

Ќерките се многу поврзани со своите татковци. Таа во него гледа сигурност и заштита, сила и храброст, херој и борец. Тој игра голема улога во нејзиниот живот…. 

Улогата на таткото не  е да ја научи како таа да биде дама, туку да ја научи како една дама треба да се третира.

Улогата на таткото е да ја почитува нејзината мајка , да ја сака и да се грижи за неа, да и покаже пример како таа треба да биде сакана и почитувана.

Да и влее самодоверба и самопочит и да ја научи како сама да се бори во животот градејќи свои ставови но дека тој е секогаш тука за неа да ја чува за никој да не ја повредува.

Image result for father daughter

Да биде нејзин херој, да ја спасува од зло, од лоши дечковци, од лоши пороци, да биде со неа да и честита кога ќе успее, да ја храбри кога нема да успее… да и покаже љубов и трпение, да има време секогаш за неа, да и покаже дека таа е неговата татина принцеза и дека тој никогаш нема да ја остави бидејќи тој е нејзиниот херој.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *