Грејпфрут – Природен согорувач на масти.

Неколку причини за да ве поттикнеме да консумирате повеќе грејпфрут

Грејпфрутот можеби сеуште не е многу популарно овошје на нашите простори, но сепак може да се каже дека е скоро секаде достапно. Иако секогаш се дава предност на локално одгледаните овошја и зеленчуци, сепак не е грешка ако понекогаш нашата исхрана ја збогатиме и со други намирници кои се исклучително здрави и ни нудат нов спектар на нутриенти. Грејпфрут или црвен портокал е цитрусно овошје слично на портокалот, со тоа што обично е со поголем дијаметар, и со малку поразлична боја на кората, а главна карактеристика на неговиот вкус е горчливоста. Во продолжение дојзнајте некои нови нешта за ова овошје.

Грејпфрут – како може да му помогне на вашето здравје?

  1. Одличен е за зајакнување на имуниот систем. Високата содржина на витамин Ц превенира настинки и ви помага да се изборите со нив. Исто така грејпфрутот се бори и против слободните радикали кои предизвикуваат оштетувања во вашето тело.
  2. Превенција на бубрежни камчиња. Најчесто бубрежните каменчиња се калциумови депозити и откако ќе се создадат треба да се исфрлат во природната форма или да се раскршат па така да се исфрлат. Со пиење на сок од грејпфрут го намалувате ризикот од појава на бубрежни камења.
  3. Природен согорувач на масти. Ова не е само гласина, туку многубројни студии ја потврдуваат ефективноста на грејпфрутот во согорувањето на мастите. Затоа јадете грејпфрут за појадок или пијте сок од грејпфрут половина час пред било кој останат оброк во текот на денот.
  4. Го забрзува вашиот метаболизам и ви овозможува побрзо да ослабете.
  5. Го прочистува вашиот црн дроб од штетните токсини. Детоксификацијата на црниот дроб е клучна за севкупно здравје на организмот и придонесува за ублажување на симптомите на некои хронични состојби (депресија, главоболка, затегнатост на мускулите).
  6. Заштитува од рак на простатата и рак на белите дробови.
  7. Го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта. Со редовна употреба на грејпфрут во исхраната, била постигната редукција на LDL холестеролот за 15%, и редукција на триглицеридите за 17%.
  8. Го одржува здравјето на непцата. Јадењето грејпфрут може да го регенерира оштетувањето на непцата предизвикано од разни воспаленија и болести на непцата.

Автор – Нутриционист Маја Велковска

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *