Доброто здравје доаѓа од добриот имунитет! 7 совети за добар имунитет!

Неколку совети за подобар имунитет

Слабиот имунитет е многу чест проблем во зимските месеци. Има повеќе теории за тоа зошто токму во овој период е најверојатно да доживеете пад на имунитетот, а некои од нив се: тоа што помалку излегуваме надвор, и тоа што во зима обично воздухот е позагаден, помало изложување  на сонце-што допринесува до помалку витамин Д во нашето тело, и почеста застапеност на некои сезонски вируси. Освен надворешните фактори секако и исхранта има влијание на имунитетот. Во зима обично се внесува помалку вода, со што се забавува исфрлањето на штетните материи од организмот, а исто така може да се забележи и помал внес на свежа храна, а поголем внес на конзервирана и друга помасна готвена храна. Сигурно веќе имате прочитано некои текстови со совети за подобрување на вашиот имунитет, но уште некој совет плус секако нема да ви штети.

Што можете да направите за да имате подобар имунитет?

  1. Спијте доволно (8-9 часа на ден, во периодот од 22 до 6-7 часот) и справете се со стресот. Недостатокот на сон и преголемиот стрес го зголемуваат нивото на еден хормон-кортизол, и тоа зголемување е подолготрајно и резултира со намалување на функцијата на имуниот систем.
  2. Не пушете цигари. Супстанците од тутунот ја нарушуваат функцијата на имуниот систем, и го зголемуваат ризикот од бронхитис и пневмонија, а и ризикот од инфекција на средното уво кај малите деца.
  3. Јадете многу зеленчук, овошје, јатки и семки кои ќе го обезбедат вашето тело со нутриенти кои му се потребни за подобрување на имунитетот. Во една студија е покажано дека поголемиот внес на овошје и зеленчук го подобрува одговорот со антитела на имуниот систем.
  4. Размислете на кој начин да внесете повеќе пробиотици во вашиот организам. Доколку е потребно можете да ги внесите со употреба на суплемент, а се разбира присутни се и во храна како: кисела зелка (свежа, не термички обработена), јогурт, кефир.
  5. Поминувајте доволно време на сонце. Сонцето е многу важно за да можеме самите да синтетизираме витамин Д кој го намалува ризикот од заболување како што се настинките и грипот. Затоа поминувајте минимум 10-15 минути на сонце притоа изложувајќи ја вашата кожа директно на сонце но во периодите кога тоа не е опасно и штетно.
  6. Јадете лук. Тој е познат како многу моќен антимикробен агент, а исто така е корисен и во подобрување на имуниот систем, но бидејќи топлината уништува дел од неговите корисни компоненти, додадете го свеж во храната пред сервирањето.
  7. Употребувајте ехинацеа во форма на чај или тинктура.Ехинацеата е познат подобрувач на имуниот систем, и е одлична во борбата против респираторните вируси, затоа во периодот на грип и настинки обидете се да си го зајакните имунитетот со ехинацеа.

 

Автор: Нутриционист Маја Велковска

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *