Златните правила на Исус Христос за подобар живот!

Многумина од вас можеби го чуле животното правило: “Сè она што сакате да ви прават луѓето, правете им го и вие; зашто тоа е Законот и пророците.“

Но дали некој знае кој е авторот? Некој можеби ќе спомене некој писател, автор, некој ќе спомене некоја книга од која го прочитал….но одговорот е едноставен: Исус Христос.

Неговите правила се безвременски и важат за секогаш. Прочитајте дел од нив кои би требало секој од нас да го применува секојдневно.

„Не судете, за да не бидете судени; зашто, со каков суд судите, со таков ќе бидете судени; со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери.“

„Посакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори; зашто секој што моли, добива, и кој бара, наоѓа, и на оној што чука ќе му се отвори.“

“Вистина, вистина ви велам: кој го слуша словото Мое и верува во Оној Кој Ме пратил, има живот вечен и нема да дојде на суд, туку преминал од смрт во живот.“

“Сè што Ми дава Отецот, ќе дојде кај Мене; а кој доаѓа кај Мене, нема да го избркам надвор“

„Ако вие останете во Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици; и ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.”

“Вистина, вистина ви велам; кој ќе ги запази зборовите Мои, нема да види смрт довека.”

“И ако некој ги чуе зборовите Мои, и не поверува, Јас нема да го судам, зашто не дојдов да му судам на светот, туку светот да го спасам.Кој се откажува од Мене и не ги прима зборовите Мои, има Кој да го суди: Словото што го кажав, тоа ќе го осуди во последниот ден.“

“Нова заповед ви давам: да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу себе.”

“Ако Ме љубите, пазете ги Моите заповеди.“

One comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *