Покажете силна вера и Бог ќе ви ги покаже Неговите благослови!

Вера која Бог ја гледа

“Но ако некој рече ти имаш вера, а јас имам дела,покажи ми ја својата вера без дела,а јас ќе ти ја покажам верата од мојата дела.“

(Јаков 2,18)

Сите ние имаме соништа кои се надеваме дека ќе се исполнат и ветувања за кои се држиме. И секогаш треба да се молиме, веруваме и надеваме. Тоа е дел од верата. Но има уште еден чекор што многу често луѓето го забораваат – морате да ставите дела зад верата.

Дали правите нешто да му покажете на Бог дека сте сериозни во она што верувате? Можете да се молите цел ден “ Боже, помогни ми во проблемот.“ или “ Боже, дај ми го тоа унапредување.“  Но ,ако навистина сакате да го добиете Божјото внимание и да видите како Бог делува на прекрасен начин во вашиот живот, направете еден чекор напред и демонстрирајте ја вашата вера. Може имате лоша навика , но дали одите на програма за оздравување? Можеби сте ја изгубиле вашата работа. Дали го ставивте вашето резиме и одите надвор чукајќи по нови врати? Тоа е вера која Бог ја гледа. И која Тој ја гледа вашата вера , ќе ги видите Неговите благослови, добивка и победа во секоја област од вашиот живот!

“ И кога Бог ја виде нивната вера…“

( Лука 5,20)

Дали знаете што допира до Бог? Ова може ќе ве изненади, но Бог не го допира жалењето и самосожалувањето. Тој не е допрен ни од нашите потреби. Да, Тој се грижи за нашите потреби,и да, Тој сака да ги задоволи нашите потреби, но ние треба да го сториме нашиот дел и да Го поканиме да делува во нашите животи со вежбање на нашата вера.

Кога Исус поминувал низ земјата , често пред Тој да излечи некого, Библијата кажува вака “ Кога Тој ја виде нивната вера…“

Па прашањето денеска е , може ли Бог да ја види вашата вера?

Кога Бог гледа дека вие правите се за да бидете подобри, кога гледа дека одите на работа малку порано бидејќи навистина сакате унапредување, кога гледа како избегнувате слатки кога сакате да ослабите, кога гледа како го задржувате јазикот за да го зачувате мирот во вашата куќа, кога гледа како им помагате на другите кога и на вас ви е и повеќе од потребна помош, кога Бог ќе ја види вашата вера, тогаш ќе се случат извонредни работи. Верата ја отвора вратата за да делува Бог, затоа демонстрирајте ја вашата вера денес и гледајте како Божјата рака делува во секоја област од вашиот живот!

“Татко на небото, доаѓам кај Тебе денес препуштајќи ги секој дел од мојот ум, волја, и емоции на Тебе. Покажи ми начини на кои можам да ја демонстрирам мојата вера кон Тебе. Помогни ми да донесам мудри одлуки за да одам повисоко со Тебе. Ти благодарам за дарот на верата. Одбирам денес да ја вежбам мојата вера и да Те поканам да делуваш во моја полза. Приближи ме до Тебе, пребарај го моето срце и отстрани се она што ме одделува од Тебе. Те благословувам денес и секогаш. Во името на Исус. Амин. “

 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *