Каде што има Љубов, таму има сѐ!

Една жена излезе надвор од својата куќа и виде 3 старци со долги бели бради како седат на нејзиниот преден трем. Таа не ги познаваше. Таа им рече: „ Мислам дека не ве познавам, но мора да сте гладни.Ве молам влезете да јадете нешто.“

„Дали е сопственикот на куќата дома?“ прашаа тие.

„Не,“ рече таа.„Тој е излезен.“

„Тогаш не можеме да влеземе.“ одговорија тие.

Вечерта,кога нејзиниот маж си дојде дома,таа му раскажа што се случи. „Оди и кажи им дека сум дома и покани ги внатре.“ Жената излезе и ги покани старците.

„Ние не влегуваме во куќа заедно.““ одговорија тие.

„Зошто така?“ таа сакаше да знае.

Еден од старците објасни:„ Неговото име е Богатство,“рече тој покажувајчи на еден од неговите пријатели,и потоа покажувајќи на друг: „Тој е Успех, а јас сум Љубов.“ Потоа додаде: „Сега оди и прашај го мажот ти кој од нас сакате да влезе во вашиот дом.“

Жената влезе и му раскажа на мажот и што и рекоа.Нејзиниот маж беше пресреќен. „Колку убаво!“ рече тој, „Ако е така, тогаш да го поканиме да влезе Богатството. Нека влезе тој и нека ја исполни нашата куќа со богатство!“

Неговата жена не се согласуваше.„Драги мој, зошто не го поканиме Успехот?“ Нивната снаа слушаше од другиот крај на куќата.Таа скокна со нејзин предлог: “Зар не би било поубаво да ја поканите Љубовта? Тогаш нашиот дом би бил исполнет со љубов.“

„Ајде да го послушаме предлогот на нашата снаа.“, рекоа мажот и жената.„Оди надвор и покани ја Љубовта да ни биде гостин“.

Љубовта стана и почна да чекори кон куќата. Другите двајца исто така станаа и почнаа да го следат.Изненадена, жената ги праша Богатството и Успехот : „Јас ја поканив само Љубовта, зошто и вие влегувате?“

Старецот одговори: „Доколку ги поканевте Богатството или Успехот, другите двајца од нас ќе останеа надвор, но бидејќи ја поканивте Љубовта, каде и да оди тој,ние одиме со него. Каде е Љубовта, таму е и Богатството и Успехот!!!“

 — 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *