Никогаш не потценувајте никого!

Си живеел еден човек, кој што со своето кајче, ги превезувал патниците од едниот до другиот крај на реката. Си ја сакал работата и уживал во неа. Еден ден во кајчето се качил некој учител кој што бил многу горд на себе, бидејќи знаел да зборува повеќе јазици и со тоа сакал многу да се истакнува. Додека се возеле во кајчето учителот на друг јазик го прашал нешто човекот.
Не те разбирам – рекол човекот
-Зар не си учел во училиште друг јазик освен твојот мајчин?
– Не – одговорил човекот
-Тогаш половина од својот живот си го потрошил залудно – рекол учителот
На тоа човекот не кажал ништо и продолжил да весла со кајчето. Но, набрзо неочекувано се случило страшно невреме. Почнале да удираат громови, да врне многу дожд, а кајчето било многу мало и неможело да се спротистави на таквото невреме.
-Дали некогаш си учел да пливаш – го прашал човекот својот патник
-Не, никогаш – одговорил учителот
-Учителу морам да ти кажам дека залудно си го потрошил својот живот затоа што ние во моментов тонеме.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *