ЗА РОДИТЕЛИТЕ: Ако сакате добро дете, треба да се придржувате до овие совети.

При одгледувањето на децата, секој родител би требало да се придржува до следните неколку совети:

Не го критикувајте детето ако погреши. Никогаш немојте да го споредувате со други кои постигнале повеќе од него.

Сетете се дека детето е дар од Бога. Дозволете му да биде она што е, личност која не е скроена од вас или од браќата и сестрите на детето.

Немојте да ја исполнувате секоја помала или поголема желба на детето. Дозволете му да научи тешко да ги заработува нештата, за да се радува кога ќе добие нешто.

Не се поставувајте себеси како слика на совршенство. Полесно ќе се одвива разговорот со детето ако признаете дека и мама и тато понекогаш знаат да погрешат.

Сетете се дека лутината и непријателството се природни емоции. Помогнете му на детето да најде друштвено прифатливи вентили за компензација на тие чувства.

Не се заканувајте кога сте лути. Не го ветувајте невозможното- кога сте добро расположени. Родителскиот збор- значи сè за детето. Затоа не се заканувајте и не ветувајте ако не можете тоа да го исполнете.

Како родители секогаш бидете единствени. Ако со детето се здружите против брачниот партнер, кај детето може да оставите душевен раздор, кој може да заврши со чувство на вина и несигурност.

Не го опсипувајте детето со претерување во љубовта. Најчистата и најздравата љубов се покажува во секојдневното воспитување кое зрачи со самодоверба и независност. Љубовта ја има и во забраните исто толку колку и во одобрувањата.

Научете го детето дека достоинството лежи во тешката и чесна работа. Покажете му дека животот е среќен ако е корисен, додека лесниот живот полн со задоволства е празен и безначаен.

Немојте да се обидувате да го сочувате детето од секоја па и од најмалата неволја и разочарување. Тешкотиите нè уцврстуваат и ни помагаат да сочувствуваме со другите.

Научете го детето да го љуби Бога со целото свое срце, душа, ум и сила. Покажете му дека е важно да се моли, да чита Библија и да оди во црква. Бидете пример во ова- тоа е најмоќното оружје.

Најдоброто што можете да му го дадете на детето е воспитувањето, кое во него ќе развие длабока и обилна вера во Христа.

One comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *