ПОРАКА ОД БОГ ЗА ВАС И ВАШИТЕ ДЕЦА!

Двајца брачни другари добиле машко дете. Пораснало детенцето, добиле уште едно машко дете.

Во текот на растењето на децата, биле соочени со исклучителната мака како правилно да ги научат децата што е важно во ЖИВОТОТ. Така секојдневните расправии и надмудрувања меѓу мајката и таткото еден ден ги довела во мачна ситуација, кога на еден подолг момент останале во мачна тишина немајќи што понатака да разговараат.

МАЈКАТА му се обратилa на Бог:
– О, Боже! Те молам, помогни ни.
Седнал Бог наспроти нив, благо ги погледнал и им рекол:

– Прашајте… што ве интересира ?

– Како родител, кои животни поуки ти би сакал да ги научат твоите деца ?- прашала МАЈКАТА.
Бог им одговорил:

* Да научат дека никого не можат да го присилат да ги САКА… Можат само да САКААТ.

* Да научат дека не е највредно она што го поседуваат … туку Кои се, во ЖИВОТОТ.

* Да научат дека не е најбогат човек оној кој најмногу има… туку оној на кој најмалку му треба.

* Да научат дека е доволно само неколку секунди длабоко да го повредат некого… а потоа се потребни години да го излечат.

* Да научат дека не треба да се споредуваат… секогаш ќе има подобри и полоши од нив.

* Да научат да бараат прошка, така што први ќе простуваат.

* Да научат да ги препознаваат луѓето кои навистина и искрено ги САКААТ… но тоа не знаат да го кажат нити покажат.

* Да научат дека со пари може да се купи се, освен СРЕЌА ,ЉУБОВ и ЗДРАВЈЕ.

* Да научат дека двајца можат да гледаат една иста работа, а да ја гледаат различно.

* Да научат дека вистински пријател е некој кој знае се за нив, но сепак ги САКА.-РОДИТЕЛОТ)-

* Да научат дека не е секогаш доволно другите да им простат, мораат и сами да си простат себе си

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *