Единствената грешка кај жената !

Кога Бог ја создавал жената , дошол еден ангел и рекол :
“ Зошто е потребно толку многу време за нејзиното создавање ? “
А Бог одговорил :
“ Дали ги виде сите карактеристики кои ги создадов на неа ? “
“ Еве види : Таа мора да знае да пере , но не смее да биде од пластика 1 Има повеќе од 200 подвижни зглобови ! Мора да има крило за најмалку четири деца , во исто време треба да знае да подари бакнеж , да знае да излечи од едно повредено колено па сè до скршено срце и сè тоа мора да работи со две раце ! “
Ангелот се зачудил за сите тие барања : “ Со само две раце ? … Невозможно ! “
“ Тоа е многу работа за еден ден причекај до утре , па ќе довршиш ! “
“ Не сакам така “, рекол Бог , “ толку сум близу да го довршам ова создание , за мене толку драго !
Кога ќе се разболи , сама ќе се избори за своето оздравување , ќе може да работи 18 саати дневно ! “
Ангелот се приближил и ја допрел жената !
“ Боже , како е направена така мека и нежна ? “
“ Да мека и нежна е “, рекол Бог , “ но е направена така што има голема сила ! Не можеш да замислиш што сè може да направи и да издржи ! “
“ А може ли да размислува ? “ – прашал Ангелот !
Бог му одговорил : “ Не само што може да размислува , таа може и да соработува и да се застапува ! “
Ангелот здогледал нешто на нејзиното лице што му го привлекло вниманието , па го допрел лицето на жената !
“ Боже , изгледа дека овој модел сепак има еден недостаток , ти реков премногу работи има на неа ! “
“ Не е тоа никаков недостаток … тоа е една солза “ – рекол Бог !
“ А зошто е тоа , за што ќе служи ? “ – прашал Ангелот !
А Бог одговорил : “ Солзата е нејзиниот начин да се изрази , нејзината тага , нејзината љубов , нејзината осаменост , нејзината болка , нејзината гордост ! “
Ова оставило голем впечаток на Ангелот :
“ Ти си совршен , Боже ! На сè си помислил ! Жената е прекрасно создание ! “
“ Тоа е вистина ! Жената има снага , затоа човекот ѝ се восхитува ! Таа поднесува тешкотија , носи тага но знае за среќа , за љубов и за свое мислење !
Таа се смее , кога сака да избувне !
Жената пее , кога сака да заплаче !
Плаче кога е среќна и се смешка кога е нерзвозна !
Се бори за она во кое верува !
Таа е против неправда !
Не признава НЕ за одговор ако има друг и подобар начин на решение !
Дава сè од себе за своето семејство !
Таа оди со пријателката на доктор , зашто нејзината пријателка се плаши !
И жената сака безусловно !
Таа плаче од среќа кога нејзините деца доживеат нешто ново во животот !
Се радува на доброто на своите пријатели ! Среќна е кога ќе слушне за некое раѓање или венчавање !
Нејзиното срце се крши кога ќе слушне за смрт на некоја драга особа ! Тагува за изгубената сакана особа но е јака и кога нема за што повеќе да се бори !
Жената знае дека еден бакнеж и една прегратка може да излечи скршено срце ! “
“ НО … “ – се загрижил Бог :
“ Има една грешка кај жената … и не знам како да ја исправам ! “
“ ТАА ЗАБОРАВА КОЛКУ ВРЕДИ !!! “

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *