Додека чекав еден пријател да пристигне на аеродром ми се случи едно незаборавно искуство кое ме промени а се случи на едно меро од моите нозе.
Чекајќи така да го здогледам пријателот помеѓу сите патници ,забележав како еден човек доаѓа накај мене со два полесни куфера .Тој застана веднаш до мене за да си го поздрави своето семејство.
Најпрво тој се насочи кон неговиот најмал син (може 6 години) како што ги оставаше куферите.Тие си разменија една долга сакана прегратка.Како што се разделија почнаа да се гледаат во лицето, го слушнав таткото како му вели:Убаво е да те видам сине,ми недостигаше многу.Синот го погледна многу убаво и нежно му одговори “И ти мене тате.“
Тогаш таткото застана и гледаше во очите на постариот син (може 9-10 год), и држејќи го за рака му рече “Си станал вистински младич,многу те сакам,Зак“ и топло се прегрнаа обајцата.
Додека ова се случуваше,малото девојче (може една или една и пол годинка) преташе во рацете на мајка и возбудена од глетката на таткото кој се вратил.Таткото рече: “Здраво,кукло мала,и го зема девојчето од рацете на мајка и.Тој почна да ја бакнува по лицето и насекаде и ја држеше блиску до неговатите гради.Девојчето се смири во неговите раце и си ја навали главата на неговите рамена уживајќи во прегратката.
По неколку моменти,тој му ја преддае неговата ќеркичка на најстариот син и изјави: “Го чував најдоброто за крајот.“ и и го подари на својата жена најдолгиот и страстен бакнеж кој некогаш сум го видел.Ја погледна во нејзините очи и и рече “Многу те сакам“, тие се гледаа во очите неколку секунди и се држеа за рацете.
За момент ме потсетија на младенци,но по возраста на децата знаев дека не се.Така размислувајќи не ни размислив дека не е згодно да гледам во нив и ми стана незгодно ,па се изненадив како наеднаш ги прашувам :Леле,колку време вие сте во брак?“
“Заедно сме 14 години, а во брак сме 12 години.“ми одговори тој без да престане да гледа во лицето на жената.“А колку време бевте разделени ?“ мажот конечно се сврте ме погледна и одговори со истата насмевка:“Цели два дена“
Два дена? Се скаменив.По должината на поздравите си помсилив дека бил отсутен неколку недели или месеци. Знаев дека погледот ќе ме изневери.
Решив да му одговорам за да го завршам мојот ненадеен напад и да продолжам да го барам мојот пријател :“Се надевам дека мојот брак ќе биде толку страсен и убав по 12 години.“
Мажот престана да се смее, ме погледна во очите со некоја сила која ми ја разгоре душата и ми даде одговор кој не ме остави непроменет : “Не се надевај,пријателе…делувај.“
Тогаш ми се насмевна повторно ,ми ја стисна раката и ми рече:“Бог да те благослови.“