Skip to content
- Несомнено најголемиот отров на човековиот дух е неспособноста да се простува.
- ПРЕКУ ЉУБОВТА И ВЕРАТА ГРЕВОТ СЕ ПРОСТУВА, ПРЕКУ СТРАХОПОЧИТ КОН ГОСПОДА ЗЛОТО СЕ ОДБЕГНУВА.
- Прости им на другите не затоа што тие заслужуваат простување, туку бидејќи ти заслужуваш мир.
- Простувајте си еден на друг, како што Бог ви простил во Христа- Библијата
- Никој не може да ме повреди толку колку што јас можам да простам.
- Простувај им на другите толку брзо колку што очекуваш Бог да ти прости
- Човечки е да згрешиш, уште почовечки е да се покаеш и да простиш.
- Простувај, сакај и не враќај, остави Бог да суди, враќа и праќа.
- Слабите не можат да простат, тоа е особина на силните – Ганди
- Да простиш некому е лесно, но да му веруваш повторно е тешко.
- Простувај – простувајќи се креваш над оној кој те издигнал.
- Ако речеш простувам,но не заборавам, е исто како да речеш не простувам…
- Прости им на оние кои те напаѓаат, навредуваат и понижуваат.Но најмногу од се,прости си себе си што им дозволуваш да те повредуваат.
- Прашале едно девојче: Што е тоа простување? – Тоа дало прекрасен одговор: “Тоа е мирисот што го дава цвеќето кога го газат“
- Слабите луѓе се одмаздуваат, силните опростуваат.
- Ако навредуваш, полош си од твоите непријатели; ако се одмаздуваш се изедначуваш со нив; ако им простиш, се издигнуваш над нив.
- „Најдобар подарок кој можете да си го дадете себеси е да простите. Простете им на сите.“
- Несомнено најголемиот отров на човековиот дух е неспособноста да се простува.
- Простувањето не го менува минатотот, но ја збогатува иднината
- Љубовта, ако е искрена и длабока – лесно простува и заборава.