Едно од најубавите чувства кои една жена може да ги има е вистинската љубов на мажот кон неа. Можеби вашето момче многу пати ви кажува дека ве сака, но многу е поважно тоа да го покажува. Еве 7 начини да го откриете тоа од неговите акции и реакции.
1.Покажува интерест
Ако вашето момче почнува длабоко да с езаинтересира што вие сакате а што не сакате за сега и за вашите идни цели, тогаш тој е заинтересиран за вас. Тој сака да научи се за вас. Тој навистина се грижи за вас.
2. Го употребува јазикот на допирот
Ја допира нежно вашата рака во паркот или ја допира вашата коса. Ве прегрнува без причина. Ве посматра и го допира вашето лице.Понекогаш само да гледате филм и да се гледате е и повеќе од доволно за него.
3.Минувате време заедно
Кога ќе забележите дека вашето момче поминува помалку време со неговите пријатели, а повеќе со вас, тоа значи дека е заљубен во вас. Тоа не значи дека ги напуштил своите пријатели, туку дека вие сте му приоритет и дека сака да помине што повеќе време со вас.
4.Прави се за вас
Без оглед на се, тој сака да направи се за вас доколку тоа е возможно. Можеби не езаинтересиран за работите кои вас ве интересираат но ќе гледа да земе учество во тоа. Нема да се жали за нешто што вас ви прави радост.
5.Ве запознава со неговото семејство и пријатели
Тој ве запознава со неговите пријатели и семејство и со тоа покажува дека има сериозни намери и дека сака вашата врска да напредува на повисоко ниво. Дека неговите чувства се подлабоки.
6.Зборува за брак и деца
Ако вашето момче покажува интерес и чувства на таа тема, тоа значи дека има шанси да размислува да гради иднина со вас. Ако и двајцата имате исти чувства на таа тема, да градите семејство заедно, тоа значи дека има љубов меѓу вас.
7.Прв ви кажува дека ве сака
На многу мажи им е тешко љубовта да ја изразат со зборови, но доколку тој сака прв да ја изрази својата љубов кон вас, тоа значи дека тој навистина ве сака и му значите многу.
A koj se sedumte točki dali Taa go saka maškoto?