Библијата е полна со стихови кои ја покажуваат Божјата љубов кон нас. Неговата љубов е вечна и најважна. Гледајќи на овие библиски стихови можете да видите дека без разлика какви можат да бидат нашите околности или колку многу грешиме, Божјата љубов е секогаш моќна и подготвена да нè направи подобра личност.
Ако имате пријател кој се бори или е под стрес со разни животни пречки, споделете ги овие стихови со него. Тој ќе ја почувствува Божјата љубов и ќе сфати дека работите не се толку лоши како што изгледаат.
Следуваат 7 стихови кои зборуваат за Божјата љубов:
„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.“ (Јован 3:16; Библија)
„Но во сè ова победуваме надмоќно преку Оној, Кој нè возљуби. Зашто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса, нашиот Господ.“ (Римјаните 8:37-39; Библија)
„Но Бог, Кој е богат во милост – поради Својата голема љубов со која нè возљуби нас, нè оживе заедно со Христа и нас, кои бевме мртви поради нашите гревови, – по благодат сте спасени!“ (Ефсјаните 2:4.5; Библија)
„Но Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа, што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници.“ (Римјаните 5:8; Библија)
„Господ, твојот Бог, е во твоја средина, силен Спасител! Тој ќе ти се радува тебе, полн со веселба, ќе ти биде милостив во Својата љубов, ќе воскликнува радосно над тебе.“ (Софонија 3:17; Библија)
„И така, понизете се под силната Божја рака, за да ве возвиши во право време. И секоја своја грижа фрлете ја на Него, зашто Тој се грижи за вас.“ (1-во Петрово 5:6; Библија)
„Но Ти си, Господи Боже, милостив и благ, спор на гнев, обилен во љубов и вистина.“ (Псалм 86:15; Библија)