Вистинската љубов може да издржи се!

Нема проблем кој вистинската љубов не може да го реши.

Нема оддалеченост , нема тешкотија која вистинската љубов не може да ја надмине.

Кога има вистинска љубов има и начин да се надмине се.

Оние кои вистински се сакаат, во добрите денови се блиски, но во лошите денови се уште поблиски. Ништо не може да ги раздели. Ни љубомора, ни оддалеченост, ни искушение, ни било каков проблем.

Вистинската љубов секогаш наоѓа начин да ги помине препреките и да продолжи напред.

Не се предава, не се откажува, не се уморува….

Се издржува, на се се надева, се истрпува….

Вистинската љубов никогаш не умира…

Вистинската љубов има само една мана….за неа се потребни двајца!

 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *