Ѓумбирот е чест зачин во кујната кој се користи како лек со векови. Внесувањето на чај од ѓумбир помага во здравствената состојба како и во губењето на тежината.
Еве како ѓумбирот помага во намалување на стомакот
- Го забрзува метаболизамот
Ѓумбирот помага во забрзување на метаболизамот и ги топи мастите. Во битката за намалување на телесна тежина, ѓумбирот прави да с ечувствувате сити подолго време и на тој начин имате потреба од внес на помалку храна.
- Ја намалува болката во мускулите
Ѓумбирот содржи анти инфламаторни својства и на тој начин помага при болки во мускулите или при воспаленија после вежбање.
- Помага во варењето
Ѓумбирот има долга историја за помагање при варењето при проблеми со варење, подуеност или киселини.Ѓумбирот ја стимулира плунката и продукцијата на желудочниот сок за да се помогне во варењето на храната.Пиењето на чај од ѓумбир помеѓу оброци помага во варењето на храната и при подобра апсорбција на храната.
Како да го употребите ѓумбирот за намалувае на тежина
Чајот од ѓумбир е најлесен начин да го внесете ѓумбирот во вашата диета без многу врева. Освен што е вкусен, пиењето чај од ѓумбир со лимон помага за подобрување на здравјето.
Рецепт за чај од ѓумбир:
Состојки:
сиров ѓумбир
2 шолји вода
сок од лимон
сиров мед
Подготовка:
Земете свеж корен од ѓумбир и исецкајте 4 до 5 мали парчиња i ставете ги во чаша. Истурете топла, но не вода што врие врз ѓумбирот. Покријте ги да отстојат 5-10 минути. Прецадете ја водата за да го отстраните ѓумбирот. Додадете 1 до 2 лажици мед и лимон доколку сакате. Вашиот чај е подготвен за употреба.
Да го внесувате чајот пред секој оброј е одличен начин да ги стимулирате ензимите за варење.
Исто така и да се напиете чај пред спиење е добра прилика тој да делува преку ноќта. Кога спиете метаболизмот е побавен отколку кога сте будни.
source: faithpanda.com