Потребни ви се:
1 лажица сурово кокосово масло
1 лажица суров путер од бадем
1 лажица суров какао путер
1 лажица суров какао прав
2 лажици суров агаве нектар
Малку хималајска кристална сол, малку сецкани бадеми и сурови какао зрна
Подготовка:
Растопете ги кокосовото масло и какао путерот заедно, така што ќе ги ставете во мал сад, кој ќе го поставете над поголем сад со топла вода, и мешајте се додека маслото и путерот не се растопат. Кога ќе се растопат, додајте го путерот од бадеми и агаве нектарот па промешајте. Додајте и сол, какао во прав и сецкани бадеми и зрна од какао. Вака подготвената смеса нанесете ја во неколку мали калапи за чоколадо или некои други калапи по ваша желба (можете и да ја излеете чоколадата на нелеплива хартија). Потоа ставете ја во замрзнувач да се стегне, околу 10 минути. На крај извадете ја чоколадата од хартијата ( или извадете ја од калапчињата) и уживајте во здрава и сурова чоколада.
нутриционист: Маја Велковска