Депресијата е вистинска….чувствата се вистински, болката е вистинска, бремето изгледа тешко. Депресијата ги опфаќа сите видови на луѓе – луѓе кои имаат и луѓе кои немаат многу, луѓе со убава работа и невработени луѓе, познати луѓе и луѓе кои мислат дека се безвредни и листата продолжува…Дури и во Библијата неколку луѓе имале депресија и почувствувале болка од различни причини. Но Бог во Неговата Реч ќе ве утеши, ќе ви даде надеж и ќе ве потсети на радоста која можете д аја имате без оглед на околностите.
И Господ ќе тргне Самиот со тебе, Самиот ќе биде со тебе, нема да отстапи од тебе и нема да те остави: не плаши се и не ужасувај се.” Второзаконие 31,8
“Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; не вознемирувај се, зашто Јас сум Бог твој; Јас ќе те закрепам и ќе ти помогнам, ќе те поддржам со Мојата победоносна десница.” Исаија 41,10
Трпеливо се надевав на Господ, и Тој се наклони над мене и ја чу молитвата моја,
и ме изведе од длабината на јазот и од длабока тиња, па ги постави нозете мои на камен и ги зацврсти стапалата мои;
а во устата моја вложи нова песна -похвала за нашиот Бог. Мнозина ќе видат, и страв ќе ги опфати и ќе се надеваат на Господ. Псалм 40,1-3
Единиот Бог е твое прибежиште, а вечните Негови раце се твоја поткрепа. Второзаконие 33,27
Но Ти, Господи, си штит мој, слава моја; Ти ја подигаш главата моја. Псалм 3,3
Ти си Господи, светило мое; Господ ја просветлува мојата темнина. 2 Самоил 22,29
Зошто тагуваш, душо моја, и зошто си вознемирена? Надевај се на Бога, бидејќи Него јас пак ќе Го прославувам, мојот Помошник, мојот Бог. Псалм 42,11
Во малодушноста своја си реков: отфрлен сум од очите Твои; но Ти го слушна гласот на молитвата моја, кога повикав кон Тебе.
Љубете Го Господа сите светии Негови, зашто Господ ги чува верните Свои, а им отплатува на оние, кои гордо постапуваат.
Бидете силни и нека крепне срцето ваше, сите вие што имате верба во Господ! Псалм 31,22-24
“а оние кои се надеваат на Господ, ќе ја обноват силата своја: ќе кренат крилја како орли, ќе трчаат и нема да им биде тешко, ќе одат и нема да се уморат.“ Исаија 40,31
Слушни ме, поскоро, Господи: духот мој премале; не одвраќај го лицето Свое од мене, за да не заприлегам на оние, што слегуваат во гроб.
Соопшти ми ја рано милоста Твоја, зашто во Тебе се надевам, Господи. Покажи ми го, Господи, патот по кој да одам, зашто кон Тебе ја издигам душата своја.
for deliverance
Избави ме, Господи, од моите непријатели, зашто кај Тебе прибегнав. Псалм 143,7-9