Шницли од пченица

ШНИЦЛИ ОД ПЧЕНИЦА

Потребни ви се:

2 шолји варена пченица

1 шолја варени соја зрна

1 шолја мелени ореви

2 лажици црвена слатка пиперка

1 изрендан морков

1 изрендан компир

1 голема главица кромид

2 чешниња лук

Зачини по ваш избор (свежи листови магданос или целер)

Сол

Подготовка:

Пченицата сварете ја, процедете ја, па сомелете ја. Сојата сварете ја и сомелете ја. Компирот излупете го и изрендајте го, а истото направете го и со морковот и со кромидот. Помешајте ги сите состојки и обликувајте плескавици. Печете 40 минути на 170°С

Одговара: Нутриционист Маја Велковска

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *