Исус Христос се роди за да го даде својот живот за нас грешните. Тоа е Неговата мисија на Земјата. За тој план зборува целата Библија. Христовата смрт е Божјата љубов на дело. Љубовта кон нас грешните. Тој умре за нас, за тебе, за мене, за да не спаси од гревот.
Тој не сака да умреме, туку да живееме.
“Кажи им, жив сум Јас, вели Господ Бог: Јас не ја посакувам смртта на грешникот, туку грешникот да се одврати од својот пат и да остане жив. Вратете се, вратете се од вашите лоши патишта; зошто да умирате вие, доме Израелов?“ Езекија 33,11
Тој воскресна и ќе дојде и нас да не воскресне само ако се покаеме и Му се предадеме целосно.
Тој умре за тебе, прими го за твој Спасител и ќе живееш со Него.
Тој умре за тебе, за ти да живееш.