Што претставува железото?
Железото е еден од минералните елементи кој му е неопходен на организмот за добро здравје. Тој првенствено е потребен за изградба на хемоглобинот од црвените крвни клетки, и поради тоа е од клучна важност за правилна дистрибуција на кислород до сите ткива и органи.
Функции во човековиот организам
- Железото е потребно за да се синтетизира хемоглобинот (составен дел на црвените крвни зрнца) – кој е главен транспортер на кислород во организмот.
- Овозможува контракција на мускулите.
- Мозочна функција. Добрата циркулација во мозокот и снабденоста со кислород исто така се многу важни за правилна мозочна функција и за превенција од Алцхајмерова болест и деменција.
- Железото помага во одржување на нормална телесна температура што овозможува правилно одвивање на метаболичките и ензимските процеси.
- Синтеза на невротрансмитери (супстанци кои служат за комуникација помеѓу нервните клетки). Железото има важна улога во процесите на синтеза на невротрансмитерите како што се: допамин, норепинефрин, серотонин.
- Железото исто така го зајакнува и имуниот систем на човекот бидејќи и за процесот на оздравување е неопходен кислородот кој се транспортира со помош на железото.
- Железото е активатор на многу ензими и со самото тоа е клучен елемент за одвивање на разни важни процеси во нашето тело.
- Железото исто така помага и за подобрување на концентрацијата и за правилен енергетски метаболизам.
Симптоми на дефицит
Губиток на здив – краток здив, забрзан пулс, ладни дланки и стапала,кршливи и деформирани нокти, замор, рани на рабовите на усните, опаѓање на косата
Симптоми на предозираност
Повраќање, повраќање со крв, дијареа, абдоминална болка, црна и крвава столица, оштетување на црниот дроб, гадење, дехидратација.
Во колкави количини ни е потребно железото?
Новороденчиња |
0-6 месеци, 0,27мг/ден | 7-12 месеци, 11мг/ден | |
Деца | 1-3 години, 7мг/ден | 4-8 години, 10мг/ден | 9-13 години, 8мг/ден |
Адолесценти | Момчиња 14-18 години, 11мг/ден | Девојчиња 14-18 години, 15мг/ден | |
Возрасни | Мажи над 19 години, 8мг/ден | Жени 19-50 години, 18мг/ден. Жени над 50 години, 8мг/ден |
Трудници, 27мг/ден Доилки, 9-10мг/ден |
Која храна е најдобар извор на железо (вредностите за количината на железо, се дадени за 100гр од дадениот продукт)
Соја | 2,5 милиграми |
Леќа | 7,5 милиграми |
Спанаќ | 2,7 милиграми |
Сусам | 14,8 милиграми |
Леблебија | 2,9 милиграми |
Грав | 2,4 милиграми |
одговара: нутриционист Маја Велковска