Сите имаат некоја борба во животот. Борбите не прават посилни.
Тоа што нема да не убие, ќе не направи посилни.
Ќе не зајакне и зацврсти.
Но има моменти кога ни изгледа тешко и неиздржливо.
Кога мислиме дека нема решение. Кога мислиме дека нема излез.
Кога мислиме дека е крај на се.
Кога мислиме дека сите не напуштиле. Дури и Бог.
Кога мислиме дека се е против нас.
Кога немаме сила да продолжиме напред, да се бориме и да не се откажеме.
Ни изгледа тешко и забораваме на Бог.
Забораваме дека Тој има решение за се.
Забораваме дека Тој може да направи пат дури и кога нема пат.
Забораваме дека нема ништо невозможно за Бог.
Дека Тој не сака и никогаш нема да не напушти.
Дека Тој работи во наша полза и има убав план за нас.
План за успех и убав живот.
Дека Тој може се да изведе на добро.
Забораваме да веруваме.
А во тој момент се што треба е да Му веруваме.
Да Го побараме. Тој не чека.
Тој сака да ни помогне.
Само треба да Му дозволиме.
Кога Бог е со нас, кој е против нас?
Amin boze te molam zastitime od sekakvi bolesi mene i moeto semejstvo i site drugi semejstva stiri gi site amin boze❤❤❤❤❤❤🙏🏼🙏🏼🙏🏼🙏🏼🙏🏼🙏🏼🙏🏼🙏🏼🙏🏼
Amin boze te molam stiti me od sekoja nevolja te molam pomogni mi koga mi e najtesko amin boze❤❤❤❤❤❤🙏🏼🙏🏼🙏🏼🙏🏼🙏🏼🙏🏼