Мудра приказна, која ќе ве натера да го промените начинот на кој реагирате на разочарувањата во животот …
Еден возрасен учител во Индија се уморил од постојаните поплаки на ученикот. И тaка, едно утро го испратил да донесе сол. Кога се вратил, наставникот го натерал незадоволниот младич да истури грст сол во чаша со вода и потоа да ја испие.
– Каков вкус има? – прашал тој.
– Горчлива – одговорил ученикот.
Учителот се насмевнал, а потоа му рекол на момчето да го истури истото количество сол во езерото. Двајцата отишле тивко до блиското езеро и кога ученикот фрлил грст сол во водата, старецот рекол:
– Напиј се сега од езерото.
Кога водата ги допре неговите усни, учителот повторно го прашал:
– Каков вкус има?
– Сладок – гласел одговорот овој пат.
Тогаш учителот седнал до момчето, кој толку многу го потсетувал на него самиот во младоста и рекол:
– Болката во животот е грст чиста сол – ни повеќе, ни помалку. Таа секогаш останува иста. Но горчината која ја вкусуваме, зависи од садот во кој се раствора болката. Затоа, кога те боли, можеш само да ја прошириш својата перцепција …
Не биди чаша. Биди езеро.