5 привилегии кои ги имате благодарение на вашата сестра!

1.Доживотен придружник

Нераскинливата врска помеѓу сестрите не може да биде скршена од далечината. Знаеш дека твојата сестра секогаш ќе биде тука за тебе да те поддржи, без разлика каде се наоѓаш и низ што поминуваш. Таков подарок тешко можеш да најдеш.

2.Верен советник

Твојата сестра ти дава нови перспективи за животот и ти нуди непроценливи совети. Можете да имате свои ставови, и се разбира, мора да ги почитувате мислењата и одлуките една на друга. Но, и покрај разликите, вие секогаш ќе имате љубов и меѓусебна доверба.

3. Безусловен пријател

Сестрата е вистински пријател. Таа е подготвена да ви помогне со било каков проблем, без разлика дали е голем или мал. Таа е таму за да ве бодри во најдобрите моменти и да ве утеши во најлошите моменти.

4. Мудар учител

Сестрите учат едни од други, без оглед на разликата во возраста. Кога сте помлади, ако некој би ви го рекол ова, не би верувале, но како стареете ќе видите дека тоа ќе ви се случи во пракса. Сестрата може да ве научи да бидете силни кога ви е тешко и да чекате трпеливо за подобри нешта во животот. Учете од вашата сестра бидејќи таа може да ве научи на некои од најголемите лекции во животот.

 

5. Силен систем на поддршка

Со сестра, никогаш нема да бидете сами. Таа е таму да ви даде поддршка што ќе ве поттикне да се мотивирате  да ги постигнете своите цели.

Некои сестри имаат недоразбирања. Обидете се да ги залечите старите рани да станете пријатели повторно. Без оглед на проблемите кои се предизвикани што ве раздвоиле, може да си надоместите. Обидете се да допрете до вашата сестра, и ако е можно, простете си едни со други. Покажете и на вашата сестра колку ги цените овие  неверојатни подароци што таа ви ги дава и дајте и ги  овие дарови за возврат.

 

 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *