Прости ми сине што дојдов во твојата куќа и ти ги исплашив децата!!!

Ја мразев…беше срамота за мене.
Во нашето училиште приготвуваше храна за учителите и за нас.
Еден ден додека уште бев во тоа основно школо,мајка ми влезе во класот и ме поздрави.
Ми беше толку многу срам.Како можеше тоа да ми го направи?
Ја игнорирав,и упатив поглед полн со омраза и побегнав.
Подоцна сите мои пријатели ми се подсмеваа и ми велеа:Ужас, твојата мајка има само едно око!Пропаднав в земја и посакав мојата мајка да ја нема…
Кога повторно ја видов станав и и реков:
-Ако повторно мислиш да ме правиш предмет на исмејување подобро ти е да умреш.
Мајка ми ништо не ми одговори..
Не застанав ни за момент да размислам што реков,бев полн со омраза и бес во себе.Бев незаинтересиран за нејзините чувства..
Едноставно што сакав е да побегнам што подалеку и да немам никаков контакт со неа.
Во касниот живот учев многу и тешко.Така да добив шанса да одам во Сингапур и да студирам…
Бев пресреќен!
Се оженив,купив куќа и добив свои деца.Бев среќен со својот живот,со своите деца иако живеев во друга земја.Но еден ден дојде мојата мајка да ме посети…
Ме немаше многу години видено,а и внуците исто.
Се појави на вратата.Моите деца почнаа да ја исмејуват.
Јас почнав да и се дерам како може само така да се појавува непоканета.Се дерев:-Како можеш да доаѓаш туку така и да ми ги плашиш децата?Оди си од тука !
Мојата мајка само тивко одговори:
„Извинете мора да сум ја погрешила куќата„ и замина…
После неколку години дојде писмо кај мене.
Повикан сум на матурска.Ја излажав жена ми дека треба да одам на службен пат.После прославата,одљубопитност наминав до стариот дом.
Кога ме видоа соседите ми рекоа дека е веќе мртва.Ниту една солза не пуштив.Ми дадоа едно писмо и ми рекоа дека е од неа…
„Мил мој сине.Мислав на тебе цело време.Извини што така упаднав во твојата куќа и ти ги исплашив децата.Ми беше драго дека си успеал во работата и дека ќе дојдеш на прослава овде.Јас можеби нема ни да станам од креветот да те видам.Жал ми е што секогаш те срамував и ти бев терет.Гледаш, кога беше мал се случи една несреќа и го изгуби едното око.Како мајка неможев да поднесам да растеш со едно око.Докторите те прегледоа и ми рекоа дека е можно.Тогаш јас ти го дадов моето…
Бев пресреќна кога знаев дека мојот син,го гледа светот за мене со тоа око..
Со љубов,Секогаш за тебе..
Твојата мајка!

 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *