Го замолив Бог да ја земе мојата гордост,
а Тој ми одговори: “Не”.
Ми рече дека гордоста не може да се земе,
од неа треба да се откажеш.
Го замолив Бог да ми даде трпение
а Тој ми одговори: “Не”.
Ми рече дека трпението е резултат од искушенијата,
и не се дава, туку треба да се стекне.
Го замолив Бог да ми подари среќа,
а Тој ми одговори “Не”.
Рече дека ми дава благослов,
а дали ќе бидам среќен, зависи од мене.
Го замолив Бог да ме заштити од болката,
а Тој ми одговори: “Не”.
Ми рече дека страдањето одделува човекот
од животните грижи и го приближува до Него.
Го замолив Бог да ми даде духовен раст,
а Тој ми одговори: “Не”.
Ми рече дека духот треба да се јакне сам,
а Тој само ќе го поттикнува,
за да го натера да даде плод.
Го замолив Бог да ми сè,
за да можам да се радувам на животот,
а Тој ми одговори: “Не”.
Рече дека ми дава живот,
за да се радувам на сè.
.Го замолив Бог да ми помогне да сакам другите
така како што Тој ме сака.
И Бог рече: “Ти конечно сфати
за што треба да молиш … “