Постоел еден монах кај кога по совет доаѓале луѓе од најразлични краишта и кој важел за многу смирена личност која не може никако да се навреди.
Тоа го слушнал некој расипан човек и решил да го тестира мудрецот.Отишол кај него и почнал да го вреѓа и понижува најлошо што можел. Откако снемал повеќе навреди, на момент застанал запрепастено и сфатил дека монахот и понатаму е смирен и прибран како што бил и пред да дојде тој.
Тоа страшно го налутило лошиот човек и почнал уште пострашно да го пцуе и вреѓа од пред тоа но залудно – изгледало дека тоа воопшто не го допрело мудрецот.
Кога останал без пцовки и ја изгубил целата енергија, одлучил да му пријде на монахот и да ја дознае неговата тајна.
“Ги разбирам тие ваши духовни работи и како неви е важно што другите луѓе мислат или зборуват, но јас те понижив и навредив и треба д анаучиш да се бориш за себе.“- му рече човекот.
“Синко, може ли да ти поставам само 2 прашања?“ го праша монахот прозборувајќи за прв пат.
“Секако “ – рече човекот.
Ако ти ми донесеш на мене подарок, а јас не го прифаќам, на кој му припаѓа подарокот понатаму?- праша мудрецот.
“Па, ако не го прифатиш подарокот, тој и понатаму ми припаѓа мене.“ – одговорил лошиот човек.
“А сега, сине мој, ако ти за мене имаш само навреда, а јас не ја прифаќам, тогаш таа кому припаѓа понатаму?“ заклучил мудрецот, се свртел и си отишол оставајќи го човекот зачуден.
Никому не враќајте зло за зло, а размислувајте за тоа што е добро пред сите луѓе. Ако е можно, доколку тоа зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе.
Не одмаздувајте се, возљубени, за себе, туку дајте му место на Божјиот гнев. Зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе отплатувам – вели Господ.” (Римјаните 12,17-19, Библија)
извор:стилживота.нет
NIKOJ I NIKOGAŠ NE MOŽE DA VE PONIŽI, AKO SAMI NE SE PONIŽITE.
AKO COVEK NE SE ODMAZDUVA PREMA DRUG PA TOGAS CE GO ZGAZAT KAKO CRV I TOA CE OSTANI OTI ZAKONITE AKO IMAS PRIJATEL NE VAZATA ZOSTO NIKOJ NE PRASUVA ZOSTO POSTOJAT TAKVI GADOVI OD LUGE STO SAKAAT PO SEKOJA CENA DA TE PONIZAT ILI OSTETAT JAS TAKVI NE TOLERIRAM MILO ZA DRAGO VRACAM
Дечко ако не си ја разбрал пораката прочитај ја пак и пак и пак… и исклучи кап локс ќе намалиш нервоза
Поздрав и имај убав ден
Ubava prikazna ama mene povise mi lici kako bajka.Svetot vo koj deneska ziveeme ne dozvoluva i ne oprostuva da si pasiven.Moras da se boris so seta sila.Edna pogovorka veli:Ako ti nesto zasmeta i ne odreagiras prv pat,za drugiot obid nemas pravo.Taka e i so zivotot….Da sme zdravi i zivi dobri luge…