Сакајте го тоа што го имате пред животот да ве научи да го барате она што сте го имале !!!

Тој се јави по телефон и и рече:

“Вечерва треба да се видиме. Имам изненадување за тебе!”

Таа долго се чудеше што ли намислил, што  би и подарил…

Можеби телефон!? … Неколку пати веќе спомнала дека нејзиниот телефон е застарен…

Не, сигурно скапа козметика …

Или ќе ја одведе до трговскиот. Толку многу и се допаѓаше еден црвен фустан …

И потоа – вечераа во еден скап ресторан, за кој таа сонуваше …

Мислите за можните подароци ја  опседнаа целосно!

Кога тој и кажа дека е пред нив, таа се растрепери и влегоа во автомобилот и …

Ооох,!

Пред нејзините очи стоеше кукла, а тој среќен и рече: “За тебе е!”

Нејзе и доаѓаше да заплаче.

Разочарана, таа ја грабна куклата и ја фрли на патот!

Тој ја погледна со збунетост и ја праша:

“Но, зошто ја фрли ???”

– Затоа што не ми се допаѓа! – брзо рече таа и  се расплака.

Тој излезе од колата и отиде да ја земе куклата, се сврте, беше премногу возбуден.

Така и не успеа да види дека се приближува  автомобил. Последното што го виде, беше нејзиното расплакано лице.

На денот на неговиот погреб, таа плачеше непрестајно и ја притискаше куклата блиску до своето срце …

Во тој момент куклата проговори: “Ќе се омажиш ли за мене?”

Таа онеме и ја испушти куклата, а од неа се стркала кутивка со два прстена!

Сакајте го тоа  што го имате пред животот да ве научи да го барате она што сте го имале !!!

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *