Откако ќе прочитате што познатиот глумец Морган Фримен кажува, ќе застанете и ќе размислите:Дали е најважно во животот да трупате пари?
“Послушајте ме и преземете нешто ако сакате да ја промените својата иднина. Би сакал мене ова да ми го раскажел некој кога бев млад“, ја започнува својата приказна познатиот глумец Морган Фримен…
Имам 78 години и верувам дека не ми преостанува уште многу време. Имам милиони долари во банка,но со тие пари не можам да купам здравје и да го спасам својот живот. Имам семејство и милиони обожаватели ширум светот, но сега сум сосем сам.
Го живеев својот живот на погрешен начин и не сакам тоа да ви случи и вам.
Парите сами по себе не се лоши. Тоа е само хартија со одредена вредност која ни овозможува да дојдеме до други работи кои ги сметаме за вредни. Ако парите не се зло, тогаш што е зло? Злото е морална и опсесивна страст кон тоа да сакаме повеќе.
Злото е бездушна опсесивно-компулзивна потрага по ќуп со злато на крајот од виножитото кој не постои. Зло е кога имаме етикета на срцето и душата кои ги менуваме за финанскиски успех по секоја цена. зло е кога се обидуваме да купиме среќа одново и одново без да бидеме свесни дека тоа е само илузија која еден ден ќе исчезне.
И што се случува кога ќе исчезне?
Замислите дека имате се, и потоа се што имате да го изгубите. Замислите дека сте шворц. Немате ни трошка пари.
Кои сте вие сега без пари? Каде се сега сите оние луѓе кои ги сметавте за пријатели додека имавте пари? Оние кои не биле со вас поради парите сигурно досега ве напуштиле мислејќи дека сте егоцентричен кретен.
Постои поголема смисла во животот од борбата за финансиски успех и не е доцна да ги промением своите приоритети ако сакаме.
Можете да се промените денес ако си ги пренасочите своите цели кон нова дефиниција за успех. Можете да ги трансформирате своите односи и да изградите нови. Можете да си простите себе си и на оние кои што ве повредиле. Можете да им помогнете на другите што имаат потреба од тоа. Можете да го исцелите својот брак и да создадете посилна љубов од пред тоа. Можете да станете најдобар родител но немојте да чекате да дојдете на мои години. Секогаш можете да заработите повеќе пари, но никогаш нема да можете да го вратите времето.
Еден ден сите ќе умреме. По што сакте да се сеќаваат на вас? Што ќе направите светот да стане подобро место? Која е вашата вистинска смисла?
Сите умираме, но само мал дел од нас вистински живеат. Можете да излезете од темината во светлината. Создадени сте за големи нешта. Создадени сте за нешто повеќе од тоа да работите за живот. Вие сте личност која треба да го инспирира светот и да им помага на другите.
Што е она што ќе ни помогне на овој тежок пат?
Само љубовта, што повеќе љубов и љубов.
Никогаш не се предавјте колку и да најдојдат големи тешкотии.На светот сте му потребни денес повеќе од кога и да е. Само со љубов, сочувство и простување можеме да го поразиме злото. “
Што велите? Пораката на глумецот не е за отфрлање. Размислете.
извор:новиживот.нет
Toa e tocno ,pred se jas prvo ja stavam ljubovta a sve drugo se ostvaruva .Ova go znaeme i ne cekam nekoj da mi go kaze za da go ziveam.
Bravo Morgan,Gala i spasibo