БОГ Е СО ВАС: 6 Божји ветувања кои ќе ви помогнат да ја победите грижата.

Грижата е како стол за лулање, секогаш е во движење – но никаде нема да ве одведе!

Ако долго време ве мачи грижата, најдобар лек е да имате вера во Божјите ветувања!

Ова се шест ветувања кои остануваат вистините дури и во тешките времиња и кои ќе ви помогнат да ја победите грижата.

1. Бог има контрола над се

Дури и кога не ги контролираме работите, Бог е тој кој го прави тоа. Сето време, простор и правила подлежат под Божјата волја. Кога работите не одат на добро и не функционираат да не заборавиме дека Бог има с епод контрола и се ќе излезе за наше добро.

2. Божјата волја дава

Понекогаш се грижиме за нашите потреби и се плашиме кога немаме што да јадеме или облечеме. Но дури и ако сме оскудни во некои работи Бог е со нас и ќе ни даде се што ни е потребно за нашиот живот. “Јас сум лебот на нживотот, кој доаѓа кај Мене, нема да огладне, и кој верува во Мене, никогаш нема да ожедне.“ Јован 6,35

3.Божји деца сме, а не робови

Најчесто поминуваме време во ропска состојба, мислејќи дека треба да му служиме на Бог за да ја добиеме Неговата наклонетост. Оваа состојба ќе не доведе до грижи, но доколку размислуваме како деца не би требало да работиме за да ја здобиеме Неговата наклонетост. Децата едноставно ја добиваат. Исус умрел за нас и ние сега само треба да бараме со вера и ќе примиме.

4. Бог е секогаш со вас

Исус рекол: “ и ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот.” Матеј 28,20

Бог никогаш нема да не остави ниту заборави. Како Му се приближуваме, така и Тој ќе ни се приближува и ќе не избави од нашите неволји.

5. Исус ќе ви даде мир

Мирот не доаѓа од недостаток на грижи, туку преку Неговата присутност.  Бог може да ни даде мир дури и кога сме сред неволји.

6. Бог наоѓа задоволство да биде со вас

Некои луѓе се грижат бидејќи мислат дека Бог е незадоволен со нив. Но се што треба да правиме е да имаме вера во Него. Кога веруваме во Него, во Неговата милост и љубов, Бог е здоволен со нас.

 

 

извор.новиживот.нет

One comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *