ШТО СЕ СЛУЧУВА КОГА ИМ СУДИМЕ НА ДРУГИТЕ!

Еден ден ученикот го прашал својот Учител:
– Кажете Учителе, зошто сите мудреци не учат дека не треба да им судиме на другите? Толку ли е важно тоа? Ве молам, објаснете ми …

Учителот, постапил како и секогаш, не одговорил веднаш на прашањето, а наместо тоа му дал на својот ученик еден балон, на кој на дното  имало малку кал, и го замолил да застане пред него и да започне да го дува балонот.
– Што гледаш сега? – прашал учителот
– Ве гледам вас и балонот.
– Надувај го го уште малку. – продолжил Учителот

Ученикот ја исполнил наредбата и балонот станал поголем.

– А сега што гледаш?
– Сега речиси не ве гледам, го гледам само балонот, а по ѕидовите му тече калта.
– Надувај го го уште повеќе.
Балонот станал уште поголем и Учителот повторно прашал:
– Што гледаш сега?
– Само балонот и калта. Ништо повеќе.
– Продолжи да го дуваш балонот – рекол Учителот и се отстранил малку настрана.

Ученикот продолжил силно да дува, но балонот повеќе не можел да се надува и одеднаш пукнал, кинејќи се на парчиња, насекаде се растурила калта, која била во него. Ученикот онемел. Се завртел беспомошно … Целиот бил со кал.

– Сега разбра ли што се случува кога ќе се концентрираме на туѓите недостатоци, слабости и грешки? Судејќи му на  човек, ти престануваш да го гледаш самиот човек. Ти го гледаш само сопственото осудување и негативните мисли и чувства за него. И колку повеќе ги разгоруваш, толку поголема е веројатноста калта и нечистотијата на овие мисли да ве онечисти не само вас, но и тие околу вас.

-Завршил Учителот оставајќи го  ученикот замислен.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *