20 мисли кои ќе ви помогнат да бидете СИЛНИ!

1. Не плашете се да започнете одново. Тоае нова шанса да ги смените работите што сакате да бидат променети.

2. Заборави го она што те повредило во минатото, но никогаш не ја заборавај лекцијата.

3. Не  губи се себе си во обидот да  зачуваш некого на кого не му е грижа дали ќе те изгуби.

4. Никогаш не прави оној што го сакаш да се чувствува сам. Особено кога и ти си таму.

5. Секој прави грешки, но тоа не значи дека треба да плаќа за нив во остатокот од животот. Понекогаш добрите луѓе прават лош избор. Тоа не значи дека се лоши, туку дека се Луѓе!

6. Моли се да имаш очи кои гледаат најдобро. Срце кое го простува лошото и душа, која никогаш не губи вера.

7. Разликата помеѓу “допаѓа”, “вљубен” и “љубов” е иста како меѓу “за сега”, “за некое време” и “засекогаш”.

8. Кога целосно се потпираш на друг човек има два можни резултати – Пријател за целиот живот или Лекција за цел живот. И двете се многу вредни.

9. Не се чувствувај лошо, ако некој те отфрли. Луѓето обично отфрлат скапи работи, бидејќи не можат да си ги дозволат …

10. Едноставно е. Не го лажи оној на кој му веруваш и не верувај на оној кој те лаже.

11. Добрите врски не се случуваат само така. Тие бараат време, трпение и двајца луѓе кои навистина сакаат да бидат заедно.

12. Запомни – не можеш да прегрнеш спомен, па прегрни го оној кој што го сакаш денес.

13. Семејството не мора секогаш да се луѓето со кои имаш крвна врска. Тоа се луѓето во твојот живот што тие сакаат во нивниот. Оние кои би направиле сè за да те видат насмеани и оние кои те сакаат.

14. Не чувај место за некој кој не се труди да остане со тебе.

15. Втората шанса не значи ништо ако не си ја научил лекцијата од првиот пат.

16. Почитувај ги луѓето кои наоѓаат време за тебе, иако имаат презафатен распоред, но сакај ги луѓето кои наоѓаат време за тебе без да се усогласат со распоредот кога имаш потреба од нив.

17. Не можеш да контролираш тоа кој точно се појавува во твојот живот, но секогаш можеш да избираш кој ќе остане.

18. Не им верувај на луѓе чии чувства се менуваат со времето. Верувај им на оние чии чувства остануваат исти, иако времето се менува.

19. Не е тешко да најдеш некој да ти каже “Те сакам”. Тешко е да најдеш некој кој навистина те сака.

20. Едно од најтешките одлуки кои ќе мораш да ги направиш во животот, е тоа да одлучиш дали да заминеш или да се трудиш повеќе.

 

3 коментари

  1. ЛОШО! Во секоја мисла има НЕГАЦИЈА!!! Ова се негативни реченици, не се позитивни – треба да се преформулира реченицата! 😉
    Вака само лоша среќа се привлемува со толку негации! АЛО БРЕ ЛУЃЕ прочитајте повеќе пред да се правите продуховени…

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *