БОГ Е ВАШИОТ МИР: 3 работи поради кои треба да престанете да се грижите!

Многу често луѓето се грижиме, но ако го имаме Бог, нема причина да се грижиме за ништо.

Бог ни вели да не се грижиме за ништо и целиот свој живот да Му го предадеме Нему.

Затоа ви велам: немојте да се грижите за вашата душа – што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за телото, во што ќе се облечете. Зар не чини вашата душа повеќе од храната, и телото – од облеката?  Погледнете ги птиците небески: тие ни сеат, ни жнеат, ниту во амбар собираат, но вашиот небесен Отец ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив? А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакт?  Зошто се грижите и за облеката? Погледнете ги полските кринови како растат! Не се трудат, ниту предат; ( Матеј 25-28)

Бог има право. Со грижата не можеме да смениме ништо. Таа само не оддалечува од Него.

Бог ни вели да не се грижиме посебно за овие три работи:

1.Што ќе јадеме?

Бог ќе ни даде се што ни е потребно за телесните потреби само треба да Му веруваме. Бог нема да не остави гладни.

“ Мојот Бог, по Своето богатство, нека ја исполни секоја ваша потреба, за слава преку Христос Исус.“ Филипјаните 4,19

2. Што ќе пиеме?

Нашата радост да не биде во јадење или пиење, туку во Господа. Тој да биде извор на нашата радост во секое време. Тој нема да остави да ожедне нашата душа и постајано ќе не чува ден и ноќ.

3.Што ќе облечеме?

Иако тука се мисли на облека, Тој нема да не остави оскудни во никоја потреба. И кога ќе поминуваме низ некоја неволја, Тој ќе ни биде утреха и засолниште. Тој ги облекува цвекињата, Тој води грижа и за нас. Ние треба само да Го следиме, а Тој ќе се погрижи за се друго.

 

новиживот.нет

 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *