Прекрасна парабола за луѓето кои направиле толку многу за нас, ни ги дале срцата, ни го посветиле животот … Парабола за тоа каков наставникот е и каков треба да биде, како Бог замислил да биде….За нашите учители! Да им кажеме едно големо БЛАГОДАРАМ!
Ангелите забележале дека учителот е сличен како сите други луѓе, но
Господ се насмевнал и рекол:
– сличноста е само надворешна. Овој модел има одлични карактеристики и e Единствен во својот развој. Од него луѓето ќе научат она што не знаат и не можат.
Тој ќе биде нивниот пример, водич и потпора, без дури да е потребно тие да се свесни за тоа.
Тој предава витални информации, потребни на секој човек, за да преживее и да се чувствува среќен.
Ќе се грижи за децата, како нивните родители што се грижат за нив, и ќе им посветува поголемо внимание и љубов, отколку што им посветува на своите деца.
Ќе умее да прави илјадници работи за доброто на своите ученици ќе ги респектираа и учи, но и ќе биде блиску до нив, ќе ги разбира и утешува.
Ќе биде внимателен, насмеан, мирен и фер, иако секојдневно ќе биде критикуван, хулен и излажан.
Секогаш ќе им дава на луѓето повеќе отколку што ќе добива и ќе биде среќен за тоа.
– Но, тоа е неверојатно – воскликнале ангелите. – Прекрасно дело! Но, зошто во неговите очи има некаква влага? Не е ли тоа недостаток?
– Тоа не е влага – одговорил им Господ. – Тоа се солзи.
– Солзи! – се чуделе тие. – Не е ли сепак недостаток на созданието? За што се овие солзи?
– солзите се израз на радоста и гордоста да гледаш како децата ја постигнуваат и најмалата цел која си ја поставиле. Таа е за осаменоста и нивните стравови, кога се одделуваат од семејството, таа е за емпатија кон чувствата на родителите и нивните стравувања за иднината на нивните деца.
Солзите доаѓаат од болката да се чувствуваш немоќен да промениш некого кој греши, и од разочарувањето што знаеш дека порано или подоцна ќе го снајде.
Овие солзи често се појавуваат за време на разделба кога Учителот бил со една класа цела година или серија на години и доаѓа ред да ги испрати нагоре, кон следното скалило, што треба да го искачат, а тој да ги пречека новите деца, за да им даде сè за што се способни. Овие солзи …
– … се генијална идеја! – воскликнале ангелите.
– Да, но не се моја заслуга – одговорил Создателот.