Мојата 3 годишна ќерка ме праша: “Знаеш ли зошто му требаше толку време на Бог да ти даде бебе? “и тогаш одговори: “Јас знам зошто!“

Фарбав во гаражата со мојата ќерка која боеше со кредата на цементот и кога одеднаш ми рече: “Мило ми е што Бог те поадри на мене да ми бидеш мајка“

Не бев подготвена за таков одговор и прашав “ Што ?“ за секој случај ако не слушнав добро. “Среќна сум што ти си моја мајка од Бога“ ми одговори овој пат.

Ми се насолзија очите.

Тогаш се помоли: “Боже, ти благодарам што ми ја даде мојата мајка. И ти благодарам што ми прави појадок. Ти благодарам што ќе правиме заедно колачи од тиква и се надевам дека ќе бидат вкусни.“

Тогаш ги отвори очите и продолжи со својот цртеж со кредата. Додека таа црташе мене ми се полнеа очите со солзите и се прашував од каде ова дојде ова сега?

Таа има само 3 години и не знаев дека тоа мало зрце може да има толку многу благодарност и дека ќе се моли на глас за мене…..

Обично се моли во себе, но денес нешто излезе од  неа…

Нешто прекрасно.

Нејзиното мало срце има многу повеќе љубов отколку што мислев.

Нејзиниот мал ум не е толку мал колку што мислев. Таа мисли подлабоко отколку што очекував.

“ Ти благодарам злато.“  И реков. “ Многу сум среќна што Бог ми даде ваква ќерка.“

Ќе ја прегрнев во моментот но рацете ми беа со боја и го одложив моментот…

“Дали мораше долго да чекаш на мене, мамо?“

“Да“ и реков. “ Го молев Бог за тебе повторно и повторно и долго немав одговор на молитвата.“

“И кога татко ти и јас дознавме дека си во мојот стомак, бемве пресреќни.“ – и одговорив.

“Знаеш ли зошто Му требало толку време на Бог да ти даде бебе?“ – ме праша.

“Не, душо.“ – реков. “Не знам.“

“Јас знам зошто“ рече таа.

“Зошто?“ – ја прашав.

“Затоа што…затоа што Тој ме создаваше.“ – ми одговори таа.

Затоа што Тој ме создаваше.

Погледнав во нејзините плави очи кои изгледаа како да знаат нешто од друг свет, и во тој момент ми се причини како да има илјада години.

Затоа што Тој ме создаваше.

Тој одговор беше доволен. И срцето ми се исполни со таа вистина: “Секако, секако, тоа е она што Тој правеше, мило мое.“

Бидејќи сега кога ја познавам, кога знам колку е посебна, дури сега тоа има смисла, што траеше подолго. Јас навистина не знам како Бог делува.

И ова ви го кажувам вам, сите кои чекате…

Кои чекате вашите молитви да бидат услишени.

Кои секој ден се молите Бог да ви даде бебе…Да ви подари живот.

Не знам зошто толку трае….Не знам дали ќе ви подари…Во секој случај, можеби трае бидејќи Бог има за вас посебна личност за која се молите, за вас кои чекате…кои верувате…

Ние не ни можеме да замислиме што се случува на небото..

Неговте патишта не се наши патишта. Неговото време не  екако нашето време.

Тој создава уметнички дела

И може еден ден пред вас ќе стои едно мало уметничко дело и ќе ви рече “Знам зошто на Бог му требаше време да ти подари бебе.“

Вие ќе речете “Зошто?“

И тоа ќе ви рече:..“ Затоа што…ме создаваше мене.“

 

 

 

извор новиживот.нет

 

 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *